clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

ГРАТИС PCR ТЕСТ ЗА ПРВИТЕ 100 ПРИЈАВЕНИ

blog-photo

Почитувани поранешни, сегашни и идни патници,

По неполни две години, сакаме да Ве известиме дека конечно ПОВТОРНО ПАТУВАМЕ ЗАЕДНО!
По две тешки години, без патувања, затворени граници, полициски часови, рестрикции… желбата и истрајноста да останеме вашиот прв избор кога ќе се спомнат патувања за млади, беше посилна од сите тешкотии и предизвици со кои се соочивме.

Издржавме, не се предадовме, и еве сме тука повторно со вас, за вас, заедно да креираме незаборавни спомени, моменти, фотографии и насмевки. Токму овие работи уште од првиот ден биле и се уште се наша цел и мисија, а благодарение на Вас и наша реалност. Пандемијата полека одминува, а со тоа дојдоа и олабавените мерки и рестрикции. Оттаму дојде и време заедно да го планираме нашето и ваше долгооо очекувано лето. Повторно ќе имаме прилика да уживаме на најубавите плажи во Грција, Турција, Црна Гора, повторно ќе се бањаме во тиркизно плавото море, ќе пиеме фрапе/коктел покрај обала, и нормално повторно ќе се журкаме со добро познатото друштво. Со нови сили, желни и посветени да ви овозможиме најдобра услуга, подготвивме многу новитети во нашето работење, кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат. Сакаме да ве известиме дека за многу брзо го лансираме нашиот нов туристички веб сајт, со сигурност еден од најмодерните, најсофистицираните туристички сајтови досега во Македонија кој истовремено ќе биде и user friendly. Што значи тоа?

Со само еден клик и за само една минута ќе можете да го одберете вашето патување, вашиот хотел или апартман,  датум и факултативи за истото, како и сите забави кои те очекуваат на твојата дестинација. И тоа не е се. По повод враќањето на патувањата во полна пареа, ептен ни е кејф да ве изненадиме со дополнителни поволности и бенефити при вашата резервација на долгооо очекуваното лето. За ПРВИТЕ 100 ПРИЈАВЕНИ односно за секоја направена резервација на некои од летните аранжмани, каде нашата агенција е организатор,доделуваме:

✅ ГРАТИС PCR ТЕСТ (се однесува на летните аранжмани за Грција и Турција)
✅ ГРАТИС АНТИГЕН ТЕСТ (се однесува на летните аранжани за Турција)
✅ Доколку сте веќе вакцинирани- попуст од 25 евра (по лице) на аранжманите за Грција Турција
✅ За патувањата за Црна Гора (Будва) каде не е потребен тест, ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ од 20 евра (по лице)

Се што треба да направите е да се пријавите подолу, и да очекувате наш повик.

МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ ЗА ПРВИТЕ 100 ПРИЈАВИ!

И конечно можеме повторно да ја кажеме нашата добра позната:
СИТЕ ОДАТ НА ЛЕТУВАЊЕ, САМО НИЕ НА SUMMER FUN !

logo