Кефалонија е познат поморски остров, од тука потекнува и познатиот морнар Хуан Де Фука. Оваа дестинација е една од најпопуларните во Грција, поради тоа придружете се на останатите млади од целиот Балкан кои ќе го посетат овој остров преку нашата агенција.
Многу природни богатсва, како рамни полиња, преубави езера, густа шума и нормално преубавите и афтентични плажи кои биле причини зашто овој остров бил дом на многу цивилизации. Можеби најдобро да се доловат природните богатсва на овој остров е фактот дека дивите кози имаат златни заби на овој остров. За да уживат во природата и убавините на овој остров, ќе пробаме да ви ги доловиме најдобрите видиковцки на овој остров.
Планината Аинос е национален парк кој е еден од ретките кои се лоцирани на грчките острови. Паркот се простира на некои 3000 метри квадратни а највисоката точка е врвот Мегас Сорос кој се наоѓа на 1628 метри. Она што овој парк го издвојува од сите останати е тоа што тука расте вид на ела на висина од 600 до 1600 метри и покрива две третини од целата површина на овј парк. Исто така шумата и овој парк да биде уште поимпресиен е што тука живеат полу диви коњи (Ekuus caballus) кои можат да се видат на југоисточниот дел на оваа планина.
Љубителите на природата и планината сигурно ќе се вљубат и воодушеват од планината Аинос.
На планината Лапита се наоѓаат остатоците од некогашниот моќен град Сами. Градот уживал во самостојноста и независноста, имал свои пари, а бил насален уште од камено време. На врвот на градот Литица се наоѓа високи силни зидини. На врвот на зидините се наоѓа преубав видиковец од каде имате преубав поглед буквално на целиот остров, на сите околни планини и нормално на преубаво море. Древниот град Сами се споменува и во Хомеровата епопеја ( Одисеја ) кога жителите на овој град се бореле во тројанската војна, а за него истота така се врзани и многу митолошки приказни за Грчките Богови. Покрај занимливостите од историјата на овој град исто така од тука ќе ви остане врежан преубавот поглед од кои застанува здив.
Доколку сакате да уживате во преубав поглед, а притоа да уживате во преубавите деликатеси на овој остров, тогаш топло ви го препорачуваме “ИЛ Багро“ ресторанот кој е атракција на овој остров. Сместен е на брдо од каде ви се пружа преубавиот поглед на Јонското море.
Препуштетесе во преубавите домашни специјалитети, и обавезно да побарате да ве сместат до оградата на ресторанот и посететего додека сонцето е сеуште виско на небо, за да уживате во тој магичен поглед што само овој ресторан во го овозможува.
Одлично место да се направи кратка пауза, со добро познатото грчко пиво Митос во смрзнати чаши. На врвот на барот се наоѓа отворена тераса од каде имате невероватен поглед на сите страни. Тука на овој бар е најдобро да го осетите залезот на сонцето со широк избор на разни летни коктели.