Лоциран во скијачката област Три долини на надморска височина од 2.300 метри, Вал Торенс е највисокиот ски-центар во Европа. Благодарение на неговите 600 километри поврзани ски патеки, скијачката област Три долини се смета за најдобра во светот. Извонредниот ноќен живот, најдобриот клуб-бачило “La Folie Douce”, Вал Торенс го прави најдобар ски центар во Светот.
Севкупно, има 9 црни, 30 црвени, 35 сини и 11 зелени патеки во скијачката област Вал Торенс. Но доколку обожавате целодневно скијање и одлучите да доплатите само 40 евра односно да го надоградите ски билетот кој ви е вклучен во аранжманот, добивате ски карта за сите три долини со вкупно 600 километри ски стази.
Вал Торенс има една од најдолгите скијачки сезони, почнувајќи од средината на Ноември и трае до почетокот на Мај, по познатиот фестивал на Холандската недела.
За разлика од Вал Торенс, скијачката област Три Долини има пократка скијачка сезона, која трае од 10 Декември до 20 Април секоја година.
Постојат неколку причини зошто ова одморалиште е толку популарно:
Најдобриот начин да стигнете до Вал Торенс е со автобус, бидејќи најблиските аеродроми се одалечени од 3- 5 часа, а доколку планирате да користите автомобил, не би ви препорачале тоа бидеќи во Вал Торенс има само 3 јавни паркинзи кои се премногу скапи.
Дококлу сето ова поврзано со Вал Торенс ви звучи интересно и примамливо, оваа година одиме на скијање токму таму и тоа во сместување кое се наоѓа на самата стаза за скијање:
https://balkanfun.mk/patuvanja/valthorens2022/