clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Нова Година 2026

Доживеј ги Европските метрополи за Новогодишните празници

Нова Година 2026 | 3 дена
destination
Белград

Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.

Нова Година 2026 | 4 дена
destination
Истанбул 2 Ноќевања

Истанбул е град кој никогаш не спие, а за Нова година неговата магија е уште посилна! Дочекајте ја најлудата ноќ во годината меѓу двете континенти, со спектакуларни забави, светла над Босфор и незаборавен огномет. Атмосферата во Истанбул е уникатна – совршен спој на ориентален шарм и модерна енергија за најубав почеток на годината.

Нова Година 2026 | 5 дена
destination
Виена

Запловете во магијата на Виена за најлудата ноќ во годината! Градот свети во празнични светла, улиците се исполнети со музика, а плоштадите нудат незаборавна атмосфера со концерти и огномети. Прошетајте низ шармантните божиќни базари, уживајте во вкусните австриски специјалитети и доживејте спектакуларен дочек на Нова година во срцето на Европа.

Нова Година 2026 | 3 дена
destination
Будва

Да ја дочекаме оваа Нова Година заедно на море, топла клима, весела и дружељубива атмосфера.
Будва е секогаш одличен избор, а посебно за Дочек ан Нова Година. Да се започне годината покрај море, на потопла клима и во прекрасен стар град е одличен избор.

Нова Година 2026 | 5 дена
destination
Милано

Милано е престолнина на Ломбардија и најголем индустриски град во Италија. Се смета за моден и бизнис центар, со преку 1,5 милиони жители. Познатата готска катедрала D’Uomo di Milani и светски познатата Миланска опера, се само дел од многу богатото културно и архитектонско наследство. Во светот сепак Милано е најпознат како центар на модата и дизајнот, па за љубителите на шопингот е омилена дестинација. Милано има голем број на ресторани и ноќни клубови, кои го потполнуваат престојот на секој турист.

Нова Година 2026 | 6 дена
destination
Истанбул 3 Ноќевања

Градот на Босфорот кој се простира на два континенти Eвропски и Aзиски, нуди нешто со што ќе бидете опседнати. Истамбул е една од шесте најпопуларни туристички дестинации во светски рамки. Знаменитости на Истанбул се Сината џамија, чаршијата Капали, Долмабахче, Аја Софија, Фенербахче како и Бодрум, Мармарис, Кушадаси, Аланија, Анталија, Таксим и Топккапи. Турскиот брег на Црното Море се протега на 1.650 километри. А во Истанбул има над 2691 активни џамии како и 123 активни цркви.

Нова Година 2026 | 5 дена
destination
Атина

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

Нова Година 2026 | 4 дена
destination
Букурешт-Трансилванија

Дали сте спремни за Нова Година во БУКУРЕШТ? Истражете ја Романија и откријте ја мистичноста на Трансилванија. Раскажете една поинаква новогодишна приказна. Одлична можност да ги посетите и доживеете замоците на Трансилванија на еден поинаков начин, покриени со снежна покривка.

Нова Година 2026 | 4 дена
destination
Будимпешта

Започнете ја новата година во еден од најубавите градови на Европа! Будимпешта нуди незаборавна празнична атмосфера со светлечки улици, концерти на плоштадите и спектакуларен огномет над Дунав. Уживајте во унгарските специјалитети, забавата во „руин баровите“ и магијата на градот што никогаш не спие. Будимпешта е совршена дестинација за дочек исполнет со енергија и романтика.

logo