clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Велигденски Патувања

Велигденски Патувања | 7 дена
destination
Сицилија
Сицилија, со години е меѓу најпосетуваните европски дестинации, посебно текот на летните месеци, па затоа за летување на Сицилија се одлучуваат се поголем број на туристи. Овој скапоцен камен на јужна Италија, ќе Ве водушеви со својата природа, долгите плажи, голема лепеза на бои и секако тука животот буквално е на ивицата на вулканот.Доколку го имате гледано филмското достигнување, кое критичарите го сметаат за еден од најдобрите филмови на сите времиња, летувањето на Сицилија ќе Ве асоцира на филмот Ким (The Godfather). Овој мегахит, во режија на Frensisa Ford Kopole, му донесе на островот вртоглава популарност, но секако преставува само мал дел од тоа што може да понуди Сицилија.
Велигденски Патувања | 6 дена
destination
Санторини - Велигден
Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот... Разурнувачката вулканска ерупција на Тира станала најпознат настан кој се случил во Егејското Море и пред падот на Троја. Тоа можеби и била најголемата вулканска ерупција што се случила на Земјава во последниве неколку илјадици години. Силната ерупција била со центар на малиот остров само малку на север од постоечкиот остров Неа Камени во центарот на калдерата...
Велигденски Патувања | 3 дена
destination
Будва
Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Будва како дестинација е Хит за оваа летна сезона...
Велигденски Патувања | 5 дена
destination
Милано
Милано е престолнина на Ломбардија и најголем индустриски град во Италија. Се смета за моден и бизнис центар, со преку 1,5 милиони жители. Познатата готска катедрала D’Uomo di Milani и светски познатата Миланска опера, се само дел од многу богатото културно и архитектонско наследство. Во светот сепак Милано е најпознат како центар на модата и дизајнот, па за љубителите на шопингот е омилена дестинација. Милано има голем број на ресторани и ноќни клубови, кои го потполнуваат престојот на секој турист.
Велигденски Патувања | 5 дена
destination
Крф - Велигден
Да бидете на Крф за Велигден не е секојдневие. Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридон чии мошти се изнесуваат од гробницта и носат по улиците на градот нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова четиридневно уживање ќе ве воодушеви и ќе ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров. Без разлика дали сте биле на островот Крф летно време или не, прославата за Велигден претставува нешто друго.
Велигденски Патувања | 5 дена
destination
Истанбул 2 Ноќевања
Градот на Босфорот кој се простира на два континенти Eвропски и Aзиски, нуди нешто со што ќе бидете опседнати. Истамбул е една од шесте најпопуларни туристички дестинации во светски рамки. Знаменитости на Истанбул се Сината џамија, чаршијата Капали, Долмабахче, Аја Софија, Фенербахче како и Бодрум, Мармарис, Кушадаси, Аланија, Анталија, Таксим и Топккапи. Турскиот брег на Црното Море се протега на 1.650 километри. А во Истанбул има над 2691 активни џамии како и 123 активни цркви.
Велигденски Патувања | 6 дена
destination
Истанбул - 3 Ноќевања
Градот на Босфорот кој се простира на два континенти Eвропски и Aзиски, нуди нешто со што ќе бидете опседнати. Истамбул е една од шесте најпопуларни туристички дестинации во светски рамки. Знаменитости на Истанбул се Сината џамија, чаршијата Капали, Долмабахче, Аја Софија, Фенербахче како и Бодрум, Мармарис, Кушадаси, Аланија, Анталија, Таксим и Топккапи. Турскиот брег на Црното Море се протега на 1.650 километри. А во Истанбул има над 2691 активни џамии како и 123 активни цркви.
Велигденски Патувања | 3 дена
destination
Белград
Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.
Велигденски Патувања | 5 дена
destination
Букурешт и Трансилванија
Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот.
Велигденски Патувања | 4 дена
destination
Будимпешта
Будимпешта- град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.
Велигденски Патувања | 6 дена
destination
ПРАГА 3 Ноќевања
Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата архитектура и традиција, Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото...
Велигденски Патувања | 5 дена
destination
Атина
Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.
Велигденски Патувања | 6 дена
destination
ПОРТО и ЛИСАБОН - Авионска Програма
Порто, крајбрежен град, познат по своите прекрасни мостови и производство на вино, во средновековниот кварт Рибеира тесните улички со калдрма минуваат покрај куќите на трговците и кафулињата. Црквата Сао Франциско е позната по раскошниот барокен ентериер со украсени позлатени резби. Палатата Паласио де Болса од 19 век, порано берза, е изградена за да ги импресионира потенцијалните европски инвеститори. Лисабон е ридски, крајбрежен главен град на Португалија. Од импозантниот замок Сао Хорхе, погледот ги опфаќа градбите со пастелни бои на стариот град, утоката Тагус и висечкиот мост Понте 25 де Абрил. Непосредно надвор од градот, низа плажи на Атлантикот, од Кашкаиш до Есторил...
logo