clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Истанбул – 3 Ноќевања

Период: 02/05/2024 - 06/05/2024
189€
129€
Одбери сместување
Истанбул
Истанбул е волшебен град, град на легенда и историја. Не залудно велат, кој еднаш отишол ќе сака повторно да се врати. Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата.Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул (Istanbul) е најголемиот град во Турција (Turkey) и еден од најголемите градови во светот. Истанбул (Istanbul) зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.Со околу 15 милиони жители, Истанбул ( Istanbul) е најнаселен град во Европа (Europe).
Што добивате?
periodПериод
3 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден 02.05. Скопје - Истанбул
Состанок на групата на паркингот С.Ц. Борис Трајковски околу 16:00 часот од Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните пет дена.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден 03.05. Истанбул
Пристигнување на групта во Истанбул
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж.Check in во хотелот е после 14:00 часот
По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Водичот ги носи до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.Облакодерот “Сафир”-Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде што со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата и каде што има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон Европската и Азиската страна од градот. Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијата од 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул. Групата има слободно време, и се упатуваат кон Ортаќој.
Ортаќој
Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул.Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост.Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробат традиционалниот специјалитет Турски Компир и да ги направат најубавите фотографии.
Пристигнување во Истанбул, сместување и запознавање на градот, факултативна посета на облакодерот Сафир и Ортоќој
3. Ден 04.05. Истанбул
По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Галата Порт
Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Слободно време за индивидуални активности и индивидуално враќање во хотел Ноќевање.
Факултативни излети за Балат и Галата Порт.
4. Ден 05.05. Истанбул
По појадокот во хотелот факултативна целодневна екскурзија и се посетува следното:
Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.
Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.
Таксим Плоштадот
Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.
Факултативни излети Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар, Таксим Плоштадот
5. Ден 06.05. - Скопје - Истанбул
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.
Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.
Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.
По шопингот, поаѓање кон Македонија.
Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.
Одјавување од хотел, посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“. По шопингот, поаѓање кон Македонија.
Напомена

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Три ноќевања со појадок во хотел со 3*

✅Автобуски превоз

✅Лиценциран придружник

✅Лиценциран туристички водич

✅Посета на Капали Чаршија

✅Tуристичка такса

✅Посета на турската продавница „Коска“

✅Шопинг во 212 центарот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар, Watergarden, Таксим Плоштад
Ова крстарење преставува уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин. Бејлербеи, оваа историста знаменитост е често посетувана од многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близи на Босфорскиот мост во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживеете Турската култура во непосредна близина прекумногубројните соби и хали кадешто поминувале време турските султани. Ускудар, ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето, чајот, познатата алва во боја, како и познатитот турски сендвич со риба, исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 м од вас. Watergarden, е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во Азискиот дел од градот и претставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат во овој град. Огромните фонтани обоени во многу светлечки бои кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Таксим плоштад, турата завршува со посета на плоштадот Таксим, главниот центар на градот на кои се одржуваат главните митинзи и прослави. Покрај Таксим поминува познатата улица Истикал, на која се движи познатиот транвај, на оваа улица се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња а за љубителите на шопингот ова е право место.
Цена: 70€
activity
Облакодер Сафир и Ортагој
Облакодерот Сафир има вклучена 7D проекција, стаклена тера на 50кат кадешто ќе имате незаменлив погледн ан цел Истанбул. Ортаќој е место кадешто ќе имате можност покрај Босфорскиот мост да ги јадете традиционалните големи компири кои ги полните со вкус по желба, а за они љубители на слатките, вафлите се идеален избор.
Цена: 35€
activity
Посета на Балат и Галата Порт
Оваа факултатива се купува како пакет а во неа се вклучени Балат. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Во склоп на факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град. Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи. Овде ќе имате можност да видите некои од најголемите светски крузери, да уживате во добра храна, кафе или шопинг.
Цена: 25€

Напомена:

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Три ноќевања со појадок во хотел со 3*

✅Автобуски превоз

✅Лиценциран придружник

✅Лиценциран туристички водич

✅Посета на Капали Чаршија

✅Tуристичка такса

✅Посета на турската продавница „Коска“

✅Шопинг во 212 центарот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

logo