clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Супер Распуст – Каливас камп

Период: 17/06/2025 - 22/06/2025
429€
329€
Одбери сместување
Супер Распуст - Summer Camp
Камп Каливас е еден од најдобрите детски кампови во Грција, сместен во живописна природа покрај море. Кампот нуди забавни и едукативни активности како спортови, пливање, авантуристички игри и креативни работилници. Под водство на искусни аниматори и тренери, децата имаат можност да стекнат нови вештини, да создадат пријателства и да уживаат во безгрижно лето.
Што добивате?
periodПериод
5/6 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Полн Пансион
accomodationСместување
Бунгалов
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1.ден: Скопје – Грција
Собир на групата во утринските часови на договорено место, и полека пакување на патницит во автобуси. Пред нас е патување со попатни паузи заради одмор и освежување. Пристигнување во кампот во предпладневните часови, со програма добредојде. Следува запознавање, дружење и обиколка на кампот. Следува мала пауза, и во попладневните часови спортско рекреативни активности според програмата. Вечера. Во вечерните часови организирана забава пропратена со аниматори. Ноќевање.
Попатни паузи, царински формалности и сместувањ во кампот, следи запознавање со кампот
2-6. ден
Активностите на децата се одвиваат во три сегменти:
1.) Едукација – можност децата да добијат дополнителни знаења на креативен начин, што им значи дополнување на редовниот школски програм
2.) Спорт, рекреација – им се овозможува на децата јакнење на потребата за физичка активност, која им ја градиме преку тимска работа
3.) Природа, авантура и здрав живот – престој на децата на море, конзимирање на здрава храна, развој на љубовта спрема природата
1.Фокус на едукативниот сегмент го ставаме на следново:
- Безбедност во сообраќајот – кратки часови за тоа како уште од рани години децата да имаат перцепција за нивното однесување во сообраќајот
- Уметнички дел – сликање, вајарство, глума, танцување...
- Шах.
2.Фокус на спорт и рекреација ставаме на следново:
- Колективни спортови (фудбал, кошарка, одбојка...) – секојдневни тренинзи со професионални тренери, учење на почетните вештини, напредни тренинзи, турнири во овие помеѓу учесниците на кампотот.
- Рекреација – децата ќе имаат голема можност за рекреација која им ја нуди кампот:
• Аеробик
• Игри во базен
• “Игри без граници”
• и уште многу рекреативни дејности.
3. Покрај едукацијата, спортот, рекреацијата, со овој камп сакаме на децата од урбаните делови кои се повеќе од времето го поминуваат за затворен простор, на интернет и видео игри, да поминат повеќе време во природа. Во овој камп ќе ја јакнат својата свест за природата (едукација за чиста околина). Во сегмент сакаме да истакнеме важноста на здравата храна и правилното користење на истата.
*Можност за факултативни излети според програмата.

РАСПОРЕД НА ДНЕВНИ АКТИВНОСТИ
08:00 – будење
08:00 - 08:30 – утринска гимнастика
08:30 – 09:00 – појадок
09:00 – 10:00 – средување на собите и контрола
10:00 – 10:15 – ужина
10:15 – 11:15 – Прв период на активности
11:15 – 13:00 – Втор период на активности
13:00 – 14:00 – слободно време и подготовка за ручек
14:00 – 14:30 – ручек
14:30 – 17:15 – одмор, слободно време, едукација
17:15 – 17:30 - ужина
17:30 – 18:30 – Трет период на едукација
18:30 – 19:45 – Четврт период на едукација
19:45 – 20:00 – подготовка за вечера
20:00 – 20:30 – вечера
20:30 – 22:30 – почеток на вечрната програма
22:30 – 23:00 – лична нега
23:00 – ноќевање
7.ден: – Грција – Македонија – Скопје:
Напуштање на собите според програмата. Тргнување за Македонија во претпладневните часови. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Тргнување за Македонија во претпладневните часови.
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Напомена

Цената на аранжманот вклучува:

  • 6 ноќевања на база полн пансион со ужина
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси на релација според програмата
  • Туристичка такса
  • Комплетна организација и реализација на програмата
  • Водичи на групата (лидери, тренери) за цело време на патувањето
  • 24 часа лекарски надзор

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 500 денари
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци

РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОНЕСЕТЕ СО СЕБЕ:

  • Здравствена книшка, лекарска потврда (доколку детето прима одредена терапија обавезно да се спакуваат неопходните лекови)
  • Постелнина
  • Јастучница
  • Пешкири (за лице, тело и плажа)
  • Пижами
  • Долен веш
  • Практична облека (тренерка, долги панталони, џемпер, маици, шорцеви…)
  • Патики
  • Чорапи
  • Купаќи
  • Шешир
  • Папучи за соба и базен
  • Крема за сончање
  • Прибор за лична хигиена
  • Батериска лампа

НЕЗАДОЛЖИТЕЛНИ РАБОТИ:

  • Музички иструменти
  • Детски книги
  • Облека за маскирање

*Секако и работи кои сметате дека ќе Ви го олеснат Вашиот престој во кампот.

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 14 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo