clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Протокол за влез во Грција

blog-photo

Согласно одлуката на владата на Р. Грција, сите патници кои ќе патуваат во Р.Грција треба да ги исполнат следните услови:

   1. Негативен PCR тест. Тој не треба да биде постар од 72 часа. Тестот треба да ги содржи името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

или

   2. Сертификат за вакцинација против  Covid 19 .Од ревакцинацијата да се поминати најмалку 14 дена. Ваквата потврда треба да ги содржи следните податоци: име и презиме – како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, датуми кога се примени вакцините.

   3. Задолжително пополнување на формулар – PLF (Passenger Location Form), и тоа најмалку 24 часа пред влез во земјата. Формуларот се пополнува на веб страната gov.gr. По пополнување на формуларот ќе добиете повратна e-mail порака дека истиот е прифатен, а потоа ќе Ви биде доставен QR код, кој испринтан или во електронска форма (на мобилен телефон) ќе имате за обврска да го покажете при влез во Грција. Можно е да не го добиете веднаш QR-кодот, но во нареден маил, ќе ви биде испратен. Врз основа на скенираниот QR код, здравствен тим ќе одлучи дали ќе се направи тестирање на патниците на граница (брз тест) или без дополнително задржување ќе продолжат со патувањето. Бидејќи резултатот од брзото тестирање ќе биде достапен за само неколку минути, во случај на потврден случај, лицето ќе биде спроведено во објекти наменети за изолација од „Ковид-19“ и сите трошоци ќе бидат покриени од страна на Р.Грција

Кон Грција отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално грчко време, односно од 6 до 22 часот по македонско време.

Патниците мора да се придржуваат кон сите превентивни мерки за заштита, носење заштитни маски и социјално дистанцирање.

Овие информации се објавени и ажурирани на ден 02.06.2021.

logo