Добродојдовте во Sea Garden Resort во Кавос, Крф.
Овој ресорт е правото место кое може да ви понуди добра релаксација после долгите ноќни забави кои се познати за Кавос. Хотелскиот комплекс SEA GARDENS RESORT 3*е лоциран веднаш до морето, има сосптвена приватна плажа, каде што можете да се опуштите и уживате во убавините на Јонското море, или пак да одмарате на лежалките кои се наоѓаат покрај двата базена. Доколку не сте такви кои цел ден можат да одмараат и да се сончаат, тука можете да пробате некој морски или пак традиционален специјалитет во ресторанот кој се наоѓа во самиот комплекс, а после ручекот можете да се опуштите во барот каде што врвни коктел мајстори прават летни коктелчиња. Овој хотел е измислен за оние кои бараат комфор и добра релаксација после ноќните забави кои можете да ги доживеет само на ова место од целиот остров.
Доколку веќе Ве освои овој ресорт, разгледајте ја нашата понуда за Кавос
https://balkanfun.mk/patuvanja/kavosleto2022/