clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Хороскопот и одморот: Овен за акција, Бик за лежење…

blog-photo

Дозволете им на ѕвездите да бидат вашиот туристички водич, кои со малку тренинг од космосот, ќе ви го испланираат овој летен одмор. Вашиот хороскопски знак може да ви каже на каков тип одмор најмногу би уживале. Прочитајте ги советите за патување, инспирирани од зодијакот.

Овен

Вие сте секогаш спремни за акција и авантура, така што без разлика дали ќе патувате на некоја непозната дестинација во странство или ќе си го тестирате талентот во некој нов екстремен спорт, нема да бидете среќни доколку не сте возбудени и постојано во движење. Стојте настрана од испланирани тури со туристички водич и од места на кои многупати сте биле досега, бидејќи познатиот терен и однапред проектираните денови ќе ви оневозможат да ви дојдат до израз вашата спонтаност и авантуристички дух, поради што ќе се почувствувате фрустрирано.

Бик

Сè додека не морате премногу да се движите додека сте на одмор, вие ќе бидете среќни. Посета на места со природна убавина или уметничка природа, во комбинација со вкусен ручек на паузата, дефинитивно ќе ја разнежнат вашата биковска душа. Вашиот идеален одмор, без разлика каде и да се одлучите да го поминете, треба да вклучува што е можно помалку активност од ваша страна. Сепак, одите на одмор за да се одморите, нели?

Близнаци

Бидејќи можеби ќе ви биде проблем сосема да го исклучите вашиот мозок од работата, испланирајте патување кое ќе вклучува некои едукативни работилници, обуки или настани на кои ќе остварите нови контакти. Ова ќе го одржи вашиот мозок стимулиран и активен, што пак, од своја страна ќе ви овозможи да бидете целосно умствено присутни во текот на вашиот одмор. Најверојатно ќе сакате и да си пишувате блог постови во врска со настанот на кој сте присуствувале, така што слободно понесете си нетбук, смарт телефонот или ајпед за да ги документирате вашите активности.

Рак

Визуелизирајте си патување со вашето семејство, сместени во совршен летен дом, покрај езерото (море, базен, река). Ова е вашата идеална фантазија за летен одмор: членовите од вашето семејство, позната локација и вода. Доколку пак, додека сте на одмор постојано јадете домашно приготвени јадења, вие ќе се чувствувате како да сте во рајот. Обидете се да го режирате ова сценарио најдобро што умеете и ќе си го креирате вашиот совршен летен излез.

Лав

Вие сакате да се дружите со „фаци“, така што сакате во текот на летниот одмор да заборавите на вашето секојдневие и да уживате на луксузни места, со луѓе кои ќе можат финансиски да ги поткрепат сите ваши скапи предлози. Бидејќи вие сакате секогаш да имате „публика“ која ќе ве следи додека зборувате или демонстрирате нешто, вашата најдобра летна забава ќе вклучува поголемо друштво, па затоа испланирајте го одморот однапред, за да се осигурите дека целата екипа ќе дојде.

Девица

Ништо не може да направи да се чувствувате подобро, од тоа да знаете дека се трудите да го направите светот околу себе, подобро место за живеење. Како земјен знак, вие обожавате да и ги понудите вашите услуги на планетата Земја. На пример, волонтерско патување кое вклучува еколошка акција за прочистување на природата, најверојатно би бил одличен избор за вас.

Вага

Неколку дена поминати во ексклузивен спа-центар е вашата идеја за совршено поминат летен одмор. Доколку успеете да организирате една-две забави измеѓу спа-третманите, вашата летна фантазија ќе биде целосно комплетирана. Во најмала рака, закажете си релаксирачка масажа во салон за убавина, како дел од вашата летна забава и организирајте неколку вечери во ресторан со вашите пријатели.

Скорпија

Како воден знак, со интензивна, страсна природа, вие ќе ја цените скриената моќ на нуркањето под вода или експедиција во пештера. Вие обожавате да навлегувате под површината на работите и поради тоа ја цените лековитата моќ на темнината, па зошто да не си организирате летна авантура во длабочините на Земјата или некој океан?!

Стрелец

Далечни дестинации, пробување нови јадења, запознавање разни култури и слушање странски јазици е вашата добитна комбинација за совршен летен одмор. Поточно, вие сакате спонтани патувања, кои се исполнети со возбудливи авантури. Вам не ви смета доколку си ја извалкате облеката, така што колку поневообичаени места посетите, толку подобро ќе се чувствувате.

Јарец

Одмор? Каков одмор? Во ред, знаеме дека вие јарците за време на летниот одмор најверојатно би избрале повторно да работите нешто, но одвреме-навреме на секој му треба малку одмор, па дури и вам. Бидејќи го обожавате чувството кога постигнувате некаков успех, екстремното качување на карпи, може да биде вашиот најдобар избор.

Водолија

Сè додека немате можност да се качите во вселенски брод, ќе морате да ги доживеете сите најнеобични искуства, коишто постојат на нашава планета. Исто така, најверојатно ќе уживате да бидете дел од патување, кое вклучува некоја хуманитарна акција и поголема група луѓе, со која ќе се дружите. Вие ќе бидете среќни и задоволни на вашето патување, сè додека ја имате слободата да бидете свои.

Риби

Бидејќи имате длабока, емотивна душа, вие најверојатно најмногу ќе уживате на некое место со фантастична природа, на кое ќе можете душевно да се повлечете. Во најмала рака, отидете неколку дена на кампување, дружејќи се со природата. Со вас понесете си блокче за скицирање или музички инструмент за да си ги наполните батериите и да ја збогатите вашата креативност.

 

logo