clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

ЗА НАС

#1 Туристичка агенција за млади

Ние, во Balkan Fun, знаеме дека патувањата се битен дел од вашите животи. Поради тоа нашиот тим професионалци години наназад вредно работи да ги осмисли максимално квалитетно а потоа истите и да ги реализира. Секако тоа се моментите кои најмногу се паметат и прераскажуваат, а со тек на времето стануваат најубави сеќавања од младоста. Со нив се одвојуваат овие патувања од класичните стандардни, па така секое наше патување станува приказна сама по себе. Тие позитивни моменти на повеќе од десет илјади млади луѓе се наша најголема референца во младинскиот туризам. Тимот на Balkan Fun, својата мисија ја гледа во креирањето на добро смислени забави, party патувања, фестивали за млади, и тоа се во период кога младите немаат обврски на факултет или средно школо.

Balkan Fun Macedonia во своето портфолио на работа има потпишано повеќе брендови за забава и патувања за млади, од кои ги одвојуваме следниве : Студентски Ескурзии – сите студенти на едно место, Balkan Fun – најголемо првомајско party патување на Балканот; Summer Fun – party летување; Нова Година – дочек на новата година во европските метрополи, Супер Распуст – летен детски камп, Велигденво европските метрополи, Latino Weekend латино party патување, Winter Ski Camp – детски камп, Team building, Аfter parties;

Balkan Fun Macedonia е ексклузивен партнер и дел од Fun group trаvel групацијата, за територијата на Р.Македонија. Fun group travel е компанија која повеќе години работи со патувања и забава за млади. До сега повеќе од 30 000 млади биле дел од патувањата и журките на Fun group travel групацијата.

ГИ ПОМЕСТУВАМЕ ГРАНИЦИТЕ НА ДОБРАТА ЗАБАВА!!!

 

logo

Summer Fun

Summer Fun е концепт на party летување за млади и претставува патување на кое патуваат преку 5000 млади луѓе од Македонија, Србија, Хрватска и окружувањето и кои ги спојува желбата за одличен провод и најдобро организирано летување.
Нашите летувања се познати по најдобрата забава, и ноќна и денска, големиот број на млади луѓе на едно место, секојдневните излети и анимации.
Summer Fun како концепт на party летување за млади, се состои од 3 најбитни аспекти и тоа: најдобри, најатрактивни и најпрактични термини, најповолна цена и добро ораганизирана забава за време на престојот.
Првиот Summer Fun се одржа 2010 година на Крф во местото Кавос, каде што имаше преку 1500 млади луѓе.
Кога се спомнува лето, се мисли на Summer Fun.

logo

Студентски Екскурзии

После се дојде време со друштвото со кое студираш и заедно си водел студентски битки, да патуваш на незаборавно патување и да ја запознаеш Европа на потполно различен начин. Се тоа достапно по екстра поволни студентски цени.
Ова е една од ретките прилики кога можеш да отпатуваш со друштвото од факултет и заедно да ја доживеете Европа на FUN НАЧИН, да заборавиш на грижите околу предавањата, колоквиумите, испитите, и другите тешкотии во животот на студентите. Запознавање нови земји и луѓе, обичаи и култури е само еден сегмент од нашето патување. Другиот сегмент се секако најквалитетните забави по кои и создадовме препознатлив бренд меѓу младите на Балканот. Ако сте планирале да одмарате на нашите патувања – се лажете, затоа што нас не чекаат луди ноќи во познатите дискотеки во Шпанија, Италија, Франција, Германија, Холандија…
Спакувај се, задолжително земи добро расположение и тргаме на незаборавно патување околу Европа. Запамтете: дипломата не може да ја врати изгубената младост!

logo

Нова Година

Дочекот на Новата Година сам по себе ја носи забавата и добриот провод. Овој концепт овозможува нашите патници по доста поволни цени да доживеат некои од најпопуларните европски метрополи, во поблиското окружување, и да ја дочекаат новата година на вистински начин, во добро друштво, весела атмосфера и врвна забава....Преминот во новата година мора да биде спектакуларен, како увертира за цела година која следи, затоа тргни со нас...

Безбедноста на наште патници е еден од примарните карактеристики на патувањата, па затоа покрај лиценцираните водичи околу децата се грижат и лекари специјалисти, како и аниматори задолжени за организирање забави. Знаејќи дека на родителите сигурноста на децата е на прво место, овозможивме безплатен сервис за пратење на патувањето. Во нашите понуди имаме преку десет квалитетни програми за ескурзии кои опфаќаат разглед на најубавите земји во Европа.

logo

Супер Распуст

Супер Распуст е осмислен за децата да пројдат 7 незаборавни денови во природа, да се забавуваат и да се дружат но истовремено да стекнат нови знаења и вештини, да ја развиваат својата креативност, снаодливост, тимската работа и да го развиваат својот натпреварувачки дух. Нашиот тим за ова патување се состои од дипломирани професори по физичко и здравствено образование, педагози, спортисти,  спортски тренери, ентузијасти и заложници на детските идеи за спортување, натпревари, докажување, ривалство, дружење без предрасуди. Ние сме тие кои ќе ги натераат децата на работи кои досега не ги пробале, спортови, екстремни спортови ….Ние сме тие кои на кампот ќе градиме здрави личности, ќе ја поттикнеме самостојноста, одлучноста, преземањето на ризик, хуманоста и несебичноста кај децата.
На кратко ние сме одговорни за вашиот распуст да не биде обичен, туку да биде СУПЕР РАСПУСТ !

logo

Латино викенд

Прво и најголемо party патување за млади, љубители на латино музиката и карипските танци. Латино Викенд е замислен да се одржува на пролет, на атрактивни туристички дестинации во окружувањето на кои се пренесува атмосферата од Куба, Доминикана, Кариби и Латинска Америка. На ова патување ги учиме најпознатите и најиграните танци во светот, утрински го будиме телото со кардио вежби на плажа, зумба, аеробик, натпревар во парови... La vida es una fiesta!

logo

Team Building

За сите компании, фирми и организации кои сакаат колегијално патување, дружење и екстра провод надвор од работните обврски. Ние сме тука да одговориме на тие барања, како при изборот на дестинација, така и да ја прилагодиме програмата според нивните желби и потреби.

logo

Велигденски патувања

Споениот викенд за Велигден е идеален тајминг за патување, шетање и истражување на европските метрополи. Пролетта е најубавиот период во годината, нели...?

logo

After Parties

По сите незаборавни моменти на дестинациите, време е да се обединиме сите патници на едно место, на заедничка дружба и журка, да го испратиме патувањето во наш стил... Традиционалните after parties ги организираме во најдобрите локални барови, клубови и дискотеки.

logo