Грчките острови се сон за секој туриста да ги посети барем еднаш во животот. Секој остров е посебен и има своја приказна и своја природна убавина која го разликува од останатите острови. Тешко е да се издвојат кои се најубави, но сепак јонските острови кријат многу повеќе од сите останати.
Островот Кефалонија се издвојува со најмногу природни убавини, таква атракција која го издвојува од сите останати е пештерското езеро Мелисани. Поради невообичаениот изглед и преубавата глетка на самата пештера привлекува многу туристи. Доколку ова лето островот Кефалонија е вашата дестинација, оваа атракција не смеете да ја пропуштите.
Мелисани езерото е сместено на околу 2 километри од местото Сами. Кога е во прашање ова пештерско езеро, Кефалонија може да се пофали со едно од најубавите и најафтентични атракции на ниво на цела Грција.
Езерото Мелисани, чудо на природата е сместено во пештера, опкружено со планински венец и шума, која и дава мистичност и магична убавина. Поради скриеноста на езерото и пештерата која се издига над него, за езерото се кажува дека е добро чувана тајна на самото локално населени, иако денес е светски позната атракција.
На слики и разгледници за Кефалонија, чето се прикаќува езерото осветлено од отворот на пештерата, а ова е една од најубавите слики поради која морате да го посетите. Самото езеро е длабоко околу 39 метри, а неговата боја варира помеѓу светло плава и тиркизна боја
Преубавите нијанси на езерото најдобро доаѓаат до израз под сончева светлина, поради тоа посетите на езерото најдобро е да се направат во раните попладневни часови кога сонцето е високо над небото. Интересно е тоа што сончевите зраци паѓаат по 90 степени низ отворот на пештерата, па се создава оптичка илузија која ќе ве остави без здив.
Водата тогаш добива виолетово-тиркизен отсјај, и до израз доаѓа нејзината прозирност, бидејќи се работи за пречиста вода – мешавина од морска вода и дождовница. За сето ова да го видите и да ја осетите магијата на самата пештера, ние препорачуваме да се посети помеѓу 11- 13 часот.
Мелисани езерото и истоимената пештера се познати на локалното население стотина години, но сеуште нема прецизни податоци за тоа како е настаната пештерата и дали човекова рака имала влијание за создавање на оваа атракција. Но се претпоставува дека е потполно природна структура.
При изстражување на пештерата пронајдени се фигури и детали од трети и четврти век пред нашата ера кои денес се сместени во Археолошкиот музеј во Аргустоли, главниот град на островот.
Најваќните фигури кои се пронајдени во неа се фигури од митолошкиот бог ПАНА и глинени диск со слика од поворката нимфа. Всушност овие фигури зборат за легентата како е настанато езерото.
Според народните прераскажувања, пештерата го добила името по нимфа Мелисани која се наводно се удавила во ова езеро поради невозвратена љубов од богот Пан. Пан бил бог на шумата, ловците и пастир, а нимфа секогаш се појавува во грчката митологија како преубава млада жена на некој начин поврзана со боговите.
Бидејќи отворот се наоѓа над самото езеро, многу туристи се прашуваат како воопшто може да се влезе во пештерата. На почетокот локалното население се снаоѓале на многу начини – обично се спуштале со јажиња, но кога се дознало за ова чудо на природата, имало голема навала на туристи, па почнало да се бара решение.
Решение е пронајдено и локалното население има направено скали преку кој туристите можат да се симнат до самата вода, каде ги чека чамец кој ги пренесува веднаш под отворот на пештерата. Иако возењето со чамец не трае многу долго, искуството и гледката која ќе ја имате се нестварни, каде можете да направите преубави фотографии.
Доколку ова лето ваша дестинација ќе биде Кефалонија, ова пештерско езеро не смеете да го пропуштите и да не го посетите и да ги слушнете легендите кои се прераскажуваат од колено на колено.
Погледнете ја нашата понуда за ова лето во Кефалонија
https://balkanfun.mk/patuvanja/kefalonijaleto2023/