Полека но сигурно ни пристигнува лето 2024… Грција го очекува својот врв на туристичка сезона бидејќи веќе уште од самиот старт на новата година интересот за летните аранжмани е далеку поголем споредбено со минатата сезона. Секако ова лето ќе имаме многу сончеви денови, кристално чисто море и безбројни можност за несекојдневни авантури. Оваа година, земјата нуди уште посилни искуства за посетителите, со нови дестинации и подобрени услуги.
Шарената грчка култура и гостопримство на местното население создаваат удобна атмосфера за туристи од секаде. Од археолошките богатства до живописните плажи, Грција ви нуди разноразни можности за истражување и опуштање. Традиционалните грчки селишта со камени куќи и уски улички создаваат уште посилен контраст со модерните курорти и луксузните хотели.
За лето 2024, некои од најпопуларните острови, како што се Санторини, Миконос и Крит, ќе бидат во фокус на вниманието со своите одлични плажи, ресторани и места кои ќе ве остават без зборови. Покрај овие светско-популарни острови во нашата понуда ќе бидат актуелните острови како што се: Кефалонија, Скијатос, Крф, Закинтос…
Лето 2024 во Грција обетува несекојдневни авантури и незаборавни моменти, наполнети со култура, природа и изобилство на доживувања. Одберете Грција и допрете го вистинскиот дух на оваа земја со богата историја и бескрајни можности за уживање.