⏰LAST MINUTE - ПОСЛЕДНИ ПОПУСТИ!⏰
Book Now
clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Езерото Комо, лулката на луксузот

blog-photo

Езерото Комо се наоѓа блиску до Италијанската граница со Швајцарија а името го има добиено од градот Комо кој се наога до него. Уметниците често велат “инспирација наоѓам во природата” и тоа е точно кога се работи за езерто Комо кое се наоѓа удобно сместено во долината на Алпите и служело како испирација за многу светски уметници и творци, сликари, фотографи и филмски режисери. Многу уметнички дела низ светски галерии денес се релјефи на ова езеро и околните убавини.

Комо е   5-то најдлабоко езеро во Европа, длабоко околу 415/420 метри. Езерото освен природна убавина исто така нуди и луксузен туризам, водени спортови и локалната кујна поточно езерските риби од кои најпознати се Агони рибите, вид на мали сардини спремени на етно начин. Други специјалитети што морате да ги пробате се  risotto con il Pesce persico and Missoltini del lago.

Луксузни вили. Се верува дека овде почнала светската епоха на вила куќите. За време на Римската империја богатите моќни луѓе граделе куќи до езерото поради естетика и симбол на луксуз. Овие извондредни елитни градби се симбол за високиот статус и успех а нивните огромни дворови и градини се вистинско хортикултурно доживување за сите сетила. Околу езерото денес постојат 2000 вили. Модерните скапи вили на сегашните холивудски ѕвезди како Џорџ Клуни, Мадона и Роналдињо не се ништо ново земајки предвид дека на езерото одсекогаш имало луксузни вили, некои од нив се Вила Карлота и Вила Балбианело.

Некои од другите познати личности кои имаат вили тука вклучуваат Џулија Робертс, Дејвид Бекам и Кетрин Зета Џонс.

 

 

Филмовите Ocean’s 12 и James Bond се снимани на езерото Комо. Всушност за време на снимањето, актерите престојувале во вилата на Џорџ Клуни која се вика Вила Ерба а дел од сцените ја прикажуваат и самата вила. Исто така режисерот George Lucas снимил сцени за Star Wars 2002 во една од вилите околу Комо, вила Балбианело која чинела 1 милион евра да се изгради а денес служи како отворен музеј за туристи а влезот лини 11 евра.

Езерото Комо има свое Лох Нес милениче.

Во 1946 година локален жител пријавил дека видел рептилоидно долго животно како плива во езерото. Името Лари или Лариосаур го добил поради фосилизираните остатоци од диносаури најдени во близина на езерото. До денес се пријавени само неколку случаеви на глетка на Лари па затоа останува непотврдена теорија.

Езерото Комо е дом на италијанската свила.

Никој не знае точно како свилата стигнала прв пат во Италија но постојат тврдења дека двајца свештаници во 6тиот век донеле свила од Кина во Италија. Многу подоцна во 15ти век, војводата од Милано наредил да се засадат свила бобинки кои со помош на црвите придонеле до екпанзивниот раст на свила околу Комo.

Ова се само 5 интересни факти за Комо а има уште многу што да се посети во околината. Доколку сакаш да го посетиш ова луксузно место во Европа, можеш да ја разгледаш нашата програма за Милано оваа пролет.

https://balkanfun.mk/patuvanja/milanoveligden2024/

 

logo