clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

НАЈУБАВИТЕ ВИДИКОВЦИ НА ЗАКИНТОС

blog-photo

Закинтос е со сигурност еден од поубавите јонски острови. Се наоѓа во Јонското море, јужно од Кефалонија, и на 1.5 часа возење со траект од пристаништето Килини на Пелопонез. Првата асоцијација секогаш кога ќе се спомене Закинтос се лудите журки, клубови, забави до раните утрински часови. Но Закинтос е многу повеќе од тоа. Самиот остров нуди места од кои застанува здивот и каде ќе можете да направите извонредни слики, какви што сигурно не очекувавте дека може да ги понуди овој остров. Во продолжение ви издвојуваме кои се најубавите 4 видиковци на Закинтос:

2. Брдото Бохали

Брдото Бохали е фасцинантен видиковец на Закинтос. Се наоѓа над главниот град, на само 3 km од центарот. Се стигнува прилично лесно и брзо. Идеално место за правење преубави панорамски слики со градот и целата обала во позадина. Занте на дланка.

3. Keri LightHouse Restaurant

На 15 километри од Лаганас се наоѓа ова неверојатно место кое со сигурност ќе ве остави без здив. Глетката од тука, особено на чист ден, ќе биде незаборавен момент од вашиот одмор на Закинтос, особено што движејќи се покрај малиот светилник,

имате можност од врвот на карпата да ги видите Мизитрес островите. Мизитрес се два големи конусни карпи кои се издигаат над синото море и го означуваат почетокот на  Кери пештерите, препознатливи за овој остров. Од светилникот, следејќи ја малата патека од десно, по 250 метри, можете да стигнете до мала природна тераса. Претпочитаме да не ја опишуваме глетката затоа што сликите се подобри од зборовите.

4. Kampi Sunset Michali’s Taverna

На западната страна на островот се наоѓа уште еден breathtaking видиковец, од каде нема да сакате да си заминете.  Неверојатен поглед, зајдисонце кое сите го исчекуваат, спој на два хоризаонта. Сето ова пропратено со пријатниот амбиент и вкусните локални специјалитети го прави место кое со сигурност ќе остане врежано во вашата меморија од посетата на Закинтос.

logo