Дечки, сакаме да споделиме одлична вест со вас. Kако што веќе знаете, оваа година го прославивме нашиот јубилеен 10-ти роденден, кој за нас, не само што е јубилеј туку е и огромно достигнување кое не направи и најдобра агенција за МЛАДИ. Со истата енергија со која започнавме, така и продолжуваме понатаму. Креираме поинакви патувања, создаваме незаборавни спомени кај нашите патници и подготвуваме изненадувања на секое наше следно патување.
На прагот кон завршување на оваа успешна година за нас, склучуваме една супер соработка и ви го презентираме нашиот нов пријател на секое следно патување, брендот – ISMOD.
Што е ISMOD?
ISMOD е визија за подобар начин на уживање во вистински вкус на тутун без непријатности како што се пепелот и чадот. Уредот е алтернативен производ за полнолетни пушачи. Уредите користат патрони од несогорлив тутун, заменувајќи ја употребата на традиционалните цигари. И што е најбитно, ISMOD создава над 90% помалку штетни состојки наспроти цигарите.
Нашето искуство во планирање на патувањата и моментите кој за вас патниците се многу битни, а тоа се попатните паузи за цигaрa, сметаме дека од сега веќе нема да бидат примарен дел од возењето со автобус. ISMOD уредите дозволуваат да не пречите на оние кои не конзумираат цигари и отсега па натаму ќе можете да го користите уредот кога и да посакате.
Ги пратиме новите трендови и ги носиме истите уште поблиску до вас. Следете не на нашите социјални мрежи и на нашата веб страна поради тоа што имаме спремено за вас многу подароци, изненадувања и попусти за оние дестинации кои веќе станаа традиција меѓу вас младите.