clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Запознајте ги француските Алпи пред да планирате скијање 🇫🇷 🎿

blog-photo

Франција, со главен град Париз, е  демократска држава чиј главен дел од територијата се наоѓа во  Западна Европа  и која по површината е најголема во  Европската Унија . Франција допира три главни водни тела: Атлантскиот Океан, Средоземното Море и Англискиот канал. Мон Блан на француските Алпи е највисока точка на западна Европа на (4.810 м).  Франција располага со многу километри скијачки стази од кои ги издвојуваме најпознатите:

Ски- центар VAL D’ISÉRE
Градот од камен или Вал д’Изере се наоѓа на 5 км од границата со Италија. Тоа е на границата на Националниот парк Ваноиз, создаден во 1963 година.  на надморска височина од 3.488 метри се наоѓаат глечерите Pissaillas. Ски-центарот е првенствено наменет за професионалци. Тука се одржува Светското првенство во алпско скијање. Сместувањето е подалеку од скијачките патеки, па потребна е голема трпеливост за да се дојде до топлата соба по цел ден поминат на снег.

 

Ски- центар Леспас Кили (L’ESPACE KILLY)
Комплексот е составен од 137 патеки, 96 ски-лифтови, два сноуборд парка и 330 топови за вештачки снег. Вкупната должина на патеката е 300 километри. Комплексот се протега на надморска височина од 1.550 до 3.450 метри. Патеките се долги, така што во просек спуштањето трае еден час.  Ако сакате да пешачите од едно скијачко одморалиште до друго, треба да го поминете преку замрзнатото езеро.

Долина Мерибел (MERIBEL)
Тоа е ексклузивно место за зимски спортови и нуди уникатен амбиент во срцето на Три долини. Благодарение на одличната поврзаност на жичарите од двете страни на долините Belleville и Courchevel, најголемото ски подрачје на светот ви е ,така речено,пред врата. располага со 16 гондоли и два сноуборд паркови и е позната и по добрата ноќна забава.

 

Ски- одмаралиште Три долини (LES TROIS VALLÉES)

Најголемиот светски ски-центар е познат како Три долини и се наоѓа во административниот департмент Савој во Источна Франција. Тој е најелитното европско и светско скијачко одморалиште со патеки со вкупна должина од 600 километри. Околу 200 ски-лифтови поврзуваат 25 планински врвови. Сезоната скијање трае од крајот на ноември до мај. Во најстудените месеци, односно во јануари и февруари, просечната температура на воздухот во текот на денот е -3 ° C, ноќе -10 °C, но понекогаш паѓа до -26 ° C.

Долина Куршевил (COURCHEVEL)
Тој е најстар скии-центар. На почетниците во скијање им се препорачува градот Морионд, а семејствата и оние што бараат мир може да го посетат градот Ла Танија. Четирите градови во долината се наоѓаат на надморска височина од 1.300, 1.550, 1.650 и 1.850 метри.

Долината Белвил (BELLEVILLE)
Најголем ски-центар меѓу трите долини е Белвил, со скијачки патеки со вкупна должина од 300 километри. Мениарес се наоѓа на 1.800 метри надморска височина и се состои од пет локални места и располага со затворени и отворени лизгалишта, базени, терени за санкање и сл. Св. Мартин де Белевил е најмирното и најромантичното место каде што може да си дозволите зимување и скијање. Вал Торенс (најголем скии град во Европа) познат по својот културен живот,а за туристите посебно е атрактивен глечерот Пецлет.

Ски- комплекс и регион Сер Шевалиер (SERR CHEVALIER)
Сер Шевалие е голем скијачки центар во Југоисточна Франција, во одделот за Горни алпи во областа Прованса-Алпи-Азурниот брег. Сместено во близина на националниот парк Екринс, одморалиштето опфаќа голема скијачка област, со 250 км падини и поволно време. Бријансон е познат како највисок град во Западна Европа. Монтиер (Le Monêtier) е најмал и најмирен град, а најдобро место за скијање е Шантемерл (Chantemerle).

Рекреативен и ски- центар Шамони Мон Блан
Градот Шамони се наоѓа во источниот дел на Франција и е познат ски-центар бидејќи се наоѓа во подножјето на масивот Мон Блан и има голем број на диви off-писти, има скијачки патеки во должина од 155 километри Од Скопје е оддалечен околу 1.700 км Покрај можностите за релаксација со сите можни зимски спортови имате и неверојатен избор на ексклузивни ресторани и продавници.

 

logo