clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Напомена, правила и корисни информации

Напомена:

Начин на плаќање:

Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз) или за аранжмани со сопствен превиз, уплатата  се изврши на следниов начин:

–30% од вредноста на резервацијата се уплатува за време на резервацијата
– 20% од вредноста на резервацијата ќе се плати до истекот на периодот на АКЦИСКАТА ЦЕНА , според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;

 

Корисни информации:

* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој гоиздава организаторот на патување.

*Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.

* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои

хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;

* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.

Секоја промена на резервација се наплатува 10 €.

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.

 

Отказ на резервацијата:

Патникот има право на отказ на патувањето и тоа може да го направи исклучуво во писмена форма. Датумот на поднесениот писмен отказ ќе се смета за датум од кој ќе се пресметуваат и наплатат отказни трошоци. Отказни трошоци кои се пресметуваат и ќе се наплатат се следниве:

Организаторот на патувањето има можност патникот да му изададе ваучер во висина на отказните трошоци според датумот на отказ, за некое наредно патување доколку давателот на услугите (хотелите, апартманите, превозникот и сл.) го прифати тоа.

Во случај на отказ на резервација уплатена со ваучер издаден за неискористени услуги поради епидемијата со Covid19 во 2020 година, патникот изрично прифаќа во случај на отказ да му биде издаден нов ваучер на  износот уплатен со ваучер намален за евентуалните отказни трошоци опишани во програмата и договорот за патување.

*Во случај на неотварање на одредени граници заради Covid 19 пандемијата, организаторот на патувањето во целост ќе ја врати уплатената резервација.

 

Правила и услови на плаќање

Овие Услови за користење  се појавуваат на веб сајтовите и ги определуваат Вашите права и обврски во поврзувањето со поединечниот Сајт. Во ситуацијата веб страницата на туристичка агенција Балкан Фан Македонија.

Вашето користење на Сајтот (или било кој дел од него) ја означува вашата согласност да бидете обврзани со овие Услови и Политика за заштита на податоци, што е овде вклучена со ова известување во овие Услови.

Овие Услови се обврзувачки правен договор помеѓу Вас и Туристичка агенција Балкан Фан Македонија.

Ве молиме прочитајте ги внимателно пред да го користите Сајтот. Не го користите Сајтот доколку не се согласувате со некои од условите содржани во понатамошниот текст.

Услови за користење на нашата веб страна

Пристапот и употребата на нашите веб страни е бесплатен. Правото на користење на веб страните е Ваше. Туристичка агенција Балкан Фан Македонија се оградува од секаква одговорност доколку дојде до губење на податоци при пренос на информации и прекин или привремена недостапност на нашите веб страни на Интернет.

Заштита на приватноста

Туристичка агенција Балкан Фан Македонија ги користи Вашите податоци според Политиката за заштита на податоци. Нашата цел е користење за резервација, пренесување на трети лица со цел реализација на патувањето, со што се оградува од Политиката  на заштита на податоци на тие трети лица соработници. Податоците се користат и за маркетинг цели, награди, промоции и слично. Доколку сметате дека неправилно се искористени Вашите податоци веднаш обратете се на info@balkanfun.mk

 

Сопственост на содржините

Содржините на овој веб сајт се во сопственост на Туристичка агенција Балкан Фан Македонија, освен оние кои се од соработници кои се нудат и продаваат во соработка со други тур оператори. Дел од фотографиите на оваа веб страна не се во сопственост на туристичка агенција Балкан Фан Македонија, кои се користат во комерцијални цели, но по барање на авторот доколку не дозволува да останат објавени ќе бидат избришани од веб страната.

Ограничување на одговорноста

Туристичка агенција Балкан Фан Македонија гарантира  навремено ажурирање на податоците на страната, сите информации се сметаат за исправни, но при увид на грешка истата ќе се поправи. Агенцијата го задржува правото за промена на содржината без претходно известување. Правото на промена на програма, промена на термин за патување, цена, како и вид на сместување.

 

ЗАБРАНЕТО ИЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕ

Со користењето на овие веб  страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранети нелегални цели и дејствија.

КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА БАЛКАН ФАН МАКЕДОНИЈА

Туристичка агенција Балкан Фан Македонија ја користи оваа веб страница за презентирање на својата понуда, програма за патување, блогови и вести интересни за корисниците како и информации за да се претстави генерално што работи и какви услуги нуди.

На оваа страница се нуди можност за електронска резервација на услуги и плаќање на истите. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашите страници морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш надзор и можат да ги користат Вашите податоци, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на овие страници или лажни резервации ќе Ви биде оневозможен пристап на нашата веб страница.

ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИ

На веб страницата на туристичка агенција Балкан Фан Македонија е овозможено електронска резервација и електронско плаќање, но се очекува да го потврдите слободното место и цената на тел 078 910-300 или на info@balkanfun.mk пред да уплатите. Во ситуација кога нема да Ви се потврди слободно место, туристичка агенција Балкан Фан Македонија се оградува од одговорноста. Заради можноста истовремено да се поклопат две уплати и резервации за иста услуга предност има тој што претходно на меил или телефонски ја потврдил резервацијата.

logo