Проверете кои се тоа најдобри ресторани во Белград и зашто морате да ги посетите. Главниот град на Србија препознатлив е по богатата понуда на рестораните. Ги има преку 2.500, а во продолжение прочитајте кои ги издвоивме на листата како најдобри ресторани. Не се водевме по најлуксузни, нити пак најугледни, направивме листа према типот на кујната во која се подготвува, односно ценатата на јадењата и квалитетна услуга, како и амбиентот на белградските ресторани.
Кафаните и рестораните во Белград одамна претставуваат важно место за дружење бидејќи луѓето доаѓаат во нив не само да јадат , туку истовремено и да уживаат во друштвото и пријатната атмосфера. Подолу во текстот ви предлагаме каде може да јадете добра храна, а воедно и да имате пријатна атмосфера.
Овој ресторан на Neimaru се издвојува од другите по своето иновативно мени составено од 2 дела. “Мала фабрика укуса “ замислена е како фамилјарен ресторан во кој може да уживаат сите генерации.
Првиот дел од менито именуван како ‘’Традиција’’ е за оние кои ‘’играат на сигурно’’ и содржи, како што веќе претпоставувате – јадења од националната кујна.
Вториот дел, илити Машта – полн е со необични специјалитети кои креативните готвачи спремаат со голема доза на љубов.
Ако ресторанот го посетите еднаш во зима, еднаш во лето- немојте да се зачудите кога ќе видите тотално различни јадења на менито. Во ресторанот Мала фабрика укуса содржината на менито се менува во зависност од сезоната.
Како што вработените се стремат оброците да се вистинско задоволство за сите сетила, па нивниот најпознат десерт “Слатка алхемија на вкус” многумина го опишуваат како магија со ефективно сценарио.
Ретки се квалитетните ресторани во Белград како што е ресторанот Voulez-vous. Иако се наоѓа во центарот на градот, Цените се многу прифатливи . Нема да поверувате кога ќе погледнете во менито и видите дека ништо не е поскапо од 1500 динари (околу 700 денари).
Широкиот асортиман на јадења ви нуди се она што Белграѓаните го сакаат, со повремени експерименти на готвачите, кои брзо ги освои срцата на љубителите на храна.
Ресторанот Voulez-vous е вистински рај за хедонситите бидејќи во одличната кујна можете да очекувате и добар баланс на неформалност и топлина.
Ttoro Latin Gastro Bar- најдобрите такоси во Белград.
Ресторанот Toro Latin Gastro Bar се наоѓа во Бетон Хала и од неговата тераса овозможува преубав поглед према реката, особено во периодот кога заоѓа сонцето, кој посетителите едноставно само уживаат.
Во доста необичен и весел ентериер во овој ресторан ќе уживате и во единствената кујна на прочуениот кувар Rikard Sandovala. Баш тука можете да пробате најдобри латински специјалитети како што се : sevića, gvakamolea, мексички ќофтиња и такос.
А како да уживате во пикантно лутата кујна без добар пијалок? Не грижете се, Toro Latin Gastro Bar широк асортиман на коктели , голема количина на латински вина но и разновидни жестоки алкохоли пијалоци.
Иако е ралативно скоро отворен , овој ресторан веќе ги освои срцата на посетителите . Уште при првата посета ќе успее да ве ‘’купи’’ квалитет, позитивна енергија и фантастичен поглед кој се пушта од градината на ресторанот.
Без разлика дали тоа ќе биде работен состанок, неделен ручек со фамилијата – сигурно нема да погрешите ако дојдете во ресторанот Savanova.
Покрај величенствената кујна, овој ресторан е познат и по свирките на најдобрите музичари кој се одржуваат секој петок и сабота и на кои нема шанси лошо да си поминете.
Овој ресторан е вистинско место за гурманите. Посакувате квалитетен и вкусен бургер, реално претставува вистинска реткост за Белград. Intergalactic Diner представува најдобар ресторан за америчката кујна кај нас и се наоѓа на две локации.
Бургерите кој овде можете да ги пробате се прават од , како што таму сакаат да кажат , најквалитетни сирови и состојки “од планетава Земја и може да бидат со јунешко/пилешко месо.
Многу поволни цени и несекојдневни понуди ќе ви овозможи ова место. Со сигурност ќе ви стане едно од омилените во градот. Тука ќе можете да уживате во џубокс на секоја маса која ви овозможува да ја изберете песната како што сакате.
Kalemegdanska terasa – Најубавиот поглед во Белград
За оние кој сакаат да уживаат во храната и во прекрасниот поглед истовремено ова е иделно место . Оваа оаза на хедонизмот се наоѓа во склоп на Калемегданската тврдина и претставува хармонија на совршени вкусови и историја.
Во богатата понуда на овој ресторан се наоѓа се што душа ќе ви посака– од предјадење се до главно јадење и специјалитети , како и десерти.
Препорачуваме да ја посетите Калемегданската тераса во време на зајдисонце, бидејќи овде зајдисонцето има посебна боја, придонесува пријатна атмосфера и добро друштво.
Pizza bar– пробајте ја пицата од црно тесто
Дали е тоа утро или вечер, овој италијански ресторан е секогаш преполн и секогаш се бара место плус. Ова е токму поради разновидната и богата понуда на специјалитети што ја зачинува имагинацијата на смокви.
Во понудата се наоѓаат преку 20 видови на пици, од оние класични до пиците во духот на Грција, Медитеранот, Таскан, Сиена и Верона, па и оние специјални кои се приготвени од црно тесто.
И ако не се љубител на пиците не е проблем, бидејќи менито дополнува и разновидни салати и пасти, сендвичи, супи но и фини оброци кои се подготвуваат секој ден до 12 часот за појадок. Посетете ја малата италија и уверете се зошто баш овој ресторан е незаборавено задоволство за вашиот вкус.
Сега веќе знаете што е добро да се посети во Белград. Имајќи предвид дека се ближи и најлудата ноќ во годината размислете добро каде би сакале да ја дочекате. Клубовите во Белград се исто така одличен избор и што и да одберете едноставно нема да погрешите.