Како што е до сега докажано, проверена формула за добро организирано а економично пристапно патување е Summer Fun party летувањето. Овој вид на патување ви овозможува да ги доживеете најдобрите журки на море, да се забавувате, да стекнете нови пријателства, да ја запознаете културата на местото кое сте решиле да го посетите, да поминете романтичен одмор, и веројатно најбитното кога се работи за одмор на море во прашање. Summer Fun ви овозможува уживање и бањање на најубавите плажи на медитеранот.
Со оглед на тоа дека летувањето со Balkan Fun е во вид на party летување, можете да отидете во Грција, Турција, Шпанија или Италија, каде покрај добрите журки можете да уживате и во некоја од преубавите плажи. Дали се во прашање песочните плажи, тесни или долги, кратки или широки, уредени или природно диви не е важно, затоа што секоја има свој шарм и личен избор на патникот на тоа која ќе ја избера да ја посети и ужива.
Затоа, за претстоечкото лето, кое сите со душа го чекаме, издвоивме по една убава плажа од секоја Summer Fun дестинација односно од Иос, Закинтос, Кавос, Кефалонија, Кушадаси, Сицилија.
Иос покрај журките, нуди и преубави песочни плажи кои се доста популарни, атрактивни, диви, прекриени со златно жолт песок и море со кристално сина боја. Ние ја одбравме за најубава плажа, плажата Mylopotas, која се наоѓа на 2 километри од живописното село со бели куќички- Chora и е долга 1 километар. Оваа плажа е најкомерцијалната плажа на Иос. Има голем број на таверни, барови и ноќни клубови и е избор број еден за сите млади што го посетуваат овој остров.
Би било субјективно да ја наречеме најубавата плажа, но е дефинитивно најпознатата плажа на Закинтос. Плажа со неверојатен изглед од која застанува здивот, бел ситен песок кој го има се до длабочините во преубавата тиркизно плава вода. Над плажата се издигнуваат високите светли карпи кои даваат неверојатен одсјај, правејќи мали, непристапни но фасцинантни природни базени, кој секој би сакал да ги посети. Главна одлика на оваа плажа е заринканиот брод, кој на плажата е повеќе од 30 години и по кое го има добиено своето име “Shipwreck beach” односно плажата бродолом. Приказната за тоа како бродот се наоѓа на Navagio е доста интересна и можете да ја слушнете на факултативниот излет – крстарење со брод.
Добро познатата дестинација за летување, Крф, со познатото место Кавос- престолнината на журките и забавата, поседува голем број на убави плажи а дел од нив ги посетуваме за време на нашиот престој на овој остров. На факултативните излети во склоп на нашата програма ги посетуваме плажите Глифада, и Маратиас. Плажата Глифада е заштитен знак на островот, наградена со сино знаме, за уреденост, чистота и кристално чиста вода. Се наоѓа на западниот дел на островот, на 15.5 км од градот Крф,и е прилично достапна за секој што сака да ја посети. Целата плажа е уредена со голем број beach барови, има доста можности за спортување, меѓу останатото и одбојка на песок. Големата површина на мек песок, опкружена со импозантните карпести формации, покриени со дрвја, ќе направат да посакате да останете цел ден на оваа плажа.
Оваа плажа е заштитен знак на Кефалонија со бројни меѓународни награди како една од најубавите плажи на Медитеранот. Покрај тоа, секоја година Миртос добива сино знаме од Грчката национална туристичка организација.
Погледот тука е единствен и со сигурност ќе ви го одземе здивот. Зеленило кое полека преминува во долга песочна плажа која го прикажува крајбрежјето на Јонското море во најдобро светло.
Тиркизната вода ќе ви го направи пливањето незаборавно искуство во бесконечното синило кое трае до самото заоѓање на сонцето. На оваа плажа се снимени дел од сцените за филмот “Captain Corelli’s Mandolin” со Николас Кејџ и Пенелопе Круз.
Плажата Манганари не е класична плажа која продолжува во континуитет, туку се работи за серија од мали заливи односно повеќе мали плажи една до друга. Фасцинира со својата природна убавина, кристално чиста вода со тиркизна боја и ситен златен песок. Одлично место каде можете да пробате некои од водените спортови. Едно од најатрактивните места за посета на островот Иос, целокупниот амбиент барем за момент ве заробува со својата убавина, терајќи ве да заборавите на реалноста.
Плажата Кси е исклучок од сите други плажи на Кефалонија, бидејќи тука нема ниту стрмна карпа ниту длабока вода. Нејзина предност е лесната достапност. Водата тука е идеална за оние кои сакаат да летуваат со своите деца, бидејќи е прилично плитка, а исто така е идеална за водени спортови
Оваа плажа нуди целосно уживање и за оние кои сакаат спа третмани. Целата плажа е црвена благодарение на глината која е застапена во големи количини и за која се вели дека ја чисти и затегнува кожата. Плажата е добро организирана и на неа брзо можете да најдете место за паркирање.