clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Виена и Братислава – 24 Мај

Период: 22/05/2026 - 25/05/2026
259€
229€
Одбери сместување
Виена и Братислава - 24 Мај
Пролетта носи нова енергија и совршена можност за незаборавно европско патување!
Виена и Братислава во пролет се вистинска магија – елегантни улици, прекрасни паркови и богата историја на секој чекор. Прошетај низ импозантните плоштади на Виена, уживај во познатите кафулиња и откриј го шармот на стариот град во Братислава.
Комбинација од култура, архитектура и пролетна атмосфера што ќе те освои. Резервирај го твоето патување и доживеј две европски бисери во едно незаборавно искуство!
Што добивате?
periodПериод
2 ноќевања
trasportТранспорт
Автобус
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1.Ден Скопје-Виена (Петок 22.05.2026)
Состанок на групата на паркингот кај СЦ Борис Трајковски околу 14:00 часот. Тргнување за Виена. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности
2.Ден Виена (Сабота 23.05.2026)
Планирано пристигнување во претпладневните часови со посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf. (Доколку постои можност, во зависност од пристигнувањето во Австрија). Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена и следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот... Слободно време за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Марија Хилфер штрасе. Сместување во хотел е после 14 часот, односно по завршување со разгледот. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
Посета на шопинг центар Pandorf. Разглед на Виена. Сместување во хотел.
3.Ден Виена – Братислава – Виена (Недела 24.05.2026)
Појадок. Факултативен разглед на Братислава. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Слободно време за кафе пауза и ручек. Се враќаме во Виена. Слободно време за индивидулани активности. Ноќевање.
Факултативен излет Братислава.
4.Ден Шенбрун/Виена - Скопје (Понеделник 25.05.2026)
Појадок. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабзбуршката монархија , изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф... Mожност за факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружи прекрасен поглед на градот. Во попладневните часови поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалност. Очекувано пристигнување во Скопје во утринските часови на 26.05.2026.
Факултативна посета на Шенбрун. Поаѓање за Скопје.
Напомена

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Две ноќевања со појадок во хотел со 3*** (името на хотелот се дознава 3 дена пред поаѓањето)
Автобуски превоз на дадената релација
Лиценциран придружник
Посета на трговски центар Outlet Pandorf

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса – 5 еур. / лице
Патничко осигурување – 6 еур. / лице
Факултативни излети
Индивидуални трошоци

ИЗЛЕТОТ – РАЗГЛЕД НА ВИЕНА СО ВОДИЧ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ИЗЛЕТ – 20 ЕВРА.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
За реализација на факултативите потребно е да има минимум 30 пријавени патници
Според општи услови и правила на патување агенцијата го задржува правото на промена на излетите по денови и саатници.
Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола.

За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Разглед на Виена – Задолжителен излет
Виена е еден од најпосетуваните градови во Европа, сосема заслужено. Лоциран на истокот, овој град може да се пофали со многу туристички атракции, архитектура и природни убавини. Спојот на софистицираност и природа го прави овој град идеален за туристи од секоја возраст. Панорамската тура ќе ја почнеме со посета на Рингштрасе а ќе ги видиме и Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере(индивидуална посета внатре во дворецот), Катедралата Св. Стефан и Зимскиот дворец Хофбург.
Цена: 20
activity
Шенбрун
Палатата Шенбрун е светско културно наследство и најпосетуваната глетка во Австрија. Името „Schönbrunn“ значи „Прекрасна пролет“ .Севкупното барокно уметничко дело кое се состои од палата и градини со векови било сопственост на Хабсбурзите и денес е главно во првобитната состојба. Посетителите тука ќе најдат бројни атракции во обиколка низ автентично опремените станбени и свечени простории на Царското семејство во палатата.Покрај 32-те скулптури, во прекрасните градини на палатата гордо стои Глориет висока 60метри, гордо свртена кон палатата, урнатината на Катагина, лавиринтот, палмната куќа која служи како прекрасна ботаничка градина, оранжерија и најстарата зоолошка градина во светот.
Цена: 65
activity
Братислава
Започнете незаборавно патување во срцето на Словачка – шармантната Братислава, град што совршено ги спојува духот на старата Европа и енергијата на современиот живот! Прошетка низ стариот град (Staré Mesto) ќе ве врати во минатото – калдрмени улички, барокни фасади, мали кафулиња и сувенирници со посебен шарм. Посетете го Братиславскиот замок, сместен високо над Дунав, од каде се простира величествен поглед кон целиот град и соседна Австрија. Најпознатиот симбол на градот – портата Михаилска, ќе ве одведе до Главниот плоштад, каде владее атмосфера полна со улични музичари, скулптури и мирис на словачка кујна. Не ја пропуштајте можноста да ја видите и модерната страна на Братислава.
Цена: 30

Напомена:

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Две ноќевања со појадок во хотел со 3*** (името на хотелот се дознава 3 дена пред поаѓањето)
Автобуски превоз на дадената релација
Лиценциран придружник
Посета на трговски центар Outlet Pandorf

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса – 5 еур. / лице
Патничко осигурување – 6 еур. / лице
Факултативни излети
Индивидуални трошоци

ИЗЛЕТОТ – РАЗГЛЕД НА ВИЕНА СО ВОДИЧ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ИЗЛЕТ – 20 ЕВРА.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
За реализација на факултативите потребно е да има минимум 30 пријавени патници
Според општи услови и правила на патување агенцијата го задржува правото на промена на излетите по денови и саатници.
Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола.

За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo