clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Истанбул-23 Октомври

Период: 22/10/2026 - 25/10/2026
189€
129€
Одбери сместување
Истанбул - 23 Октомври
Истанбул не се посетува само еднаш – Истанбул се доживува! Градот на два континенти те очекува со бескрајни улици, мирис на ориентални зачини, погледи кон Босфорот и ноќен живот што не застанува. Од утринско кафе со поглед до луди вечери и истражување на скриените улички – секој момент носи нова приказна. Со Balkan Fun, спакувај ја енергијата за незаборавен викенд, нови пријателства и авантура што ќе ти остане во сеќавање долго по враќањето.
Што добивате?
periodПериод
2 ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел 3*
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1 ДЕН 22.10.2026 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок на групата пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во претходно договорено време (во периодот од 14:00 до 15:00 часот). Точното време на поаѓање се добива 1–2 дена пред патувањето. Поаѓање кон Истанбул преку Грција. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Поаѓање, ноќно возење со попатни паузи за одмор и царнски формалности.
2 ДЕН 23.10.2026 ИСТАНБУЛ
Планирано е пристигнување во Истанбул во утринските часови. По пристигнувањето во Истанбул започнуваме со посета на населбата Балат и Вселенската Патриаршија. Следува слободно време за индивидуална прошетка во времетраење од 1 до 1ипол час. По слободното време се упатуваме кон Таксим – главниот плоштад во Истанбул и Галата кула. Слободно време за индивидуална прошетка во времетраење од 1ипол до 2 часа. По завршувањето Таксим се упатуваме кон хотел. Според правилата на хотелот, check in ќе биде после 14 часот, односно веднаш по завршување со факултативата. Слободно време за одмор и индивидуална прошетка до Капали Чаршија, Аја Софија, Хиподром, Плавата Џамија... Вечерта можност за организирање на турска вечер со многу забава. Ноќевање.
Посета на Балат и Таксим, сместување, ноќевање.
3 ДЕН 24.10.2026 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот започнуваме со факултативен излет - Крстарењето по Босфорот – Теснец кој го дели Истанбул на Европски и Азиски, во времетраење од околу 90 минути. По крстарењето по Босфорот се упатуваме кон Чамлиџа Џамија – Џамија која се наоѓа во округот на Ускудар односно во Азискиот дел на Истанбул. Слободно време за уживање во погледот кон Истанбул. По слободното време се упатуваме кон населбата Кадиќој. Слободно време за индивидуални активности. По слободното време се упатуваме кон Ортаќој – прекрасна населба лоцирана на европската страна на Истанбул. Следува слободно време за прошетка во времетраење од 1ипол до 2 часа. По слободното време се упатуваме кон хотелот. Ноќевање.
Факултативно Крстарење по Босфор, Чамлиџа џамија, Кадиќој, Ортаќој
4 ДЕН 25.10.2026 ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот. Следува посета на продавницата за слатки работи ‘’Коска’’ каде што ќе имаме можност да купиме баклави, локуми и многу други благи работи кои се доста специфични во Турција. Слободно време за пазарење во времетраење од 45 минути до 1 час.
Потоа се упатуваме кон некој од многубројните аутлети во Истанбул. Слободно време за шопинг во времетраење од 2 до 2ипол часа. Во периодот помеѓу 13:00 и 14:00 часот е предвидено поаѓање кон Македонија. Патувањето продолжува со дневно и ноќно возење преку Грција, со предвидени попатни паузи за одмор и завршување на граничните и царинските формалности. Пристигнувањето во Скопје е предвидено после полноќ на 26.10.2026.
Напуштање на хотел, посета на продавница ''Коска'', посета на шопинг центар, поаѓање кон Македонија
Напомена

Во цената на аранжманот е вклучено:
✅ Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација,
✅ Две ноќевања со појадок во хотел со 3*** во населбата Аксарај/Лалели, на 15-20 мин. пешачење од Капали Чаршија (името на хотелот се дознава 3 дена пред поаѓањето),
✅ Пратител на групата и организација на патуавњето,
✅ Посета на турската продавница за благи работи – ‘’Коска’’,
✅ Шопинг во Outlet 212,
✅ Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:
❌Патничко и здравствено осигурување – 5 еур (може да се изготви во агенција)
❌Факултативни излети
❗(Посета на Балат и Таксим – задолжителна факултатива – 25 еур.)
❌Индивидуални трошоци

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
– Организаторот не може да влијае на сместувањето(соба, спрат и сл). Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Балкан Фан ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надомест поради промената
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде што е возможно да се застане
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
БАЛАТ И ТАКСИМ– ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ИЗЛЕТ
Оваа факултатива е пакет каде што се посетуваат Железната црква, Вселенската Патријаршија, населбата Балат, Таксим и Галата Кула Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул, населба преполна со дрвени куќички кои фасадите им се обоени во шарени бои, населба позната по турските серии и населба која важи за една од најфотографираните места во Истанбул. Железната црква која е донација и изградена од македонски мајстори, и каде е гробот на Партение Зоографски. Вселенската Патријаршија - место кое е едно од најзначајните симболи за христијанството. Таксим– главниот плоштад во Истанбул, место каде што се организираат сите собири, Истикал улицата каде што се движи добро познатиот црвен трамвај и Галата кула која се надзира визоко над овој магичен град.
Цена: 25
activity
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР, ЧАМЛИЏА ЏАМИЈА, НАСЕЛБИТЕ КАДИЌОЈ И ОРТАЌОЈ
Крстарење по Босфор – факултатива што го покажува ИСТАНБУЛ сродно – грандиозен, жив и бескрајно инспиративен. Ова е факултатива која буквално ги спојува најважните точки на градот. За едно попладне ќе го видиме Истанбул од сите агли, баш како што треба да го доживее секој патнил. Чамлиџа џамија – највеличенствената и најголемата џамија во Турција, кога ке застанете пред неа чувството е како да сте дел од нешто огромно и возвишено. Ортаќој – разгледница што дише. Поглед кон осветлетниот Босфорски мост, познатиот компир со додатоци, улични штандови, музика, атмосфера што не смирува и воодушевува во исто време. Ова е место што никој не би требало да го пропушти кога е во Истанбул.
Цена: 60
activity
ТУРСКА ВЕЧЕР ВО РЕСТОРАН СО ШОУ
Вечер исполнета со многу забава. Во цената е вклучено: предјадења, главно јадење, десерт и неограничено пиење на локални пијачки (алкохолни и безалкохолни).
Цена: 40

logo