clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Истанбул-Нова година 2027

Период: 30/12/2026 - 04/01/2027
199€
159€
Одбери сместување
Истанбул
Оваа Нова година не ја дочекуваш само во друг град – ја дочекуваш во Истанбул! Градот каде Европа и Азија се спојуваат, каде Босфорот ги раздвојува двата континенти, а ноќта никогаш не завршува. Истанбул за Нова година е комбинација од светла, музика, rooftop атмосфера, луда забава, улична енергија и моменти кои се паметат долго.
Со Balkan Fun те очекува новогодишна авантура на брод по Босфор, со поглед кон осветлениот Истанбул и спектакуларна атмосфера додека влегуваме во Новата 2027 година. Замисли го моментот – пловиш помеѓу Европа и Азија, градот блеска околу тебе, музиката е на максимум, а одбројувањето започнува. Ова не е обичен дочек. Ова е дочек што се раскажува!
А покрај новогодишната ноќ, те очекуваат шарените улици на Балат, магичниот Босфор, азискиот Истанбул, Кадиќој, Ускудар, Таксим, Галата и безброј места за добра храна, шопинг и забава.
Собери ја екипата, спреми го куферот и дочекај ја 2027 година онаму каде што два континенти се среќаваат – во Истанбул со Balkan Fun!
Што добивате?
periodПериод
3 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел 3*
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1 ДЕН 30.12.2026 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок на групата пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во претходно договорено време (во периодот од 14:00 до 15:00 часот). Точното време на поаѓање се добива 1–2 дена пред патувањето. Поаѓање кон Истанбул преку Грција (г.п Дојран или г.п Богородица). Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Поаѓање, дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царнски формалности.
2 ДЕН 31.12.2026 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. По пристигнувањето следува посета на едни од најшармантните и најфотогенични населби во градот – Ортакој и Балат. Ортакој, сместен покрај Босфор, е познат по својата препознатлива џамија, живописните улички и прекрасниот поглед кон мостот над Босфор, додека Балат плени со своите шарени фасади, тесни улички, автентични кафулиња и уникатна атмосфера. Следува слободно време за индивидуална прошетка, фотографирање, кафе и уживање во локалната атмосфера, како и можност за откривање на скриените улички и интересните места кои ги нудат овие две препознатливи населби. По завршувањето со излетите, групата се упатува кон хотелот, каде што е предвидено сместување по 14:00 часот. Во вечерните часови следува највозбудливиот дел од вечерта – дочек на Новата 2027 година на брод на Босфор! Ве очекува уникатно новогодишно искуство со панорамски поглед кон осветлениот Истанбул, магичната атмосфера на Босфор и спектакуларен поглед кон двата континенти кои ги спојува градот. Новогодишната ноќ ќе ја дочекате пловејќи помеѓу Европа и Азија, со музика, забава, добро расположение и незаборавна атмосфера, додека огнометот и светлата на Истанбул ја создаваат совршената сценографија за влегување во Новата 2027 година. По дочекот следува враќање во хотелот. Ноќевање.
Пристигнување во Истанбул, посета на Балат и Ортаќој, сместување, дочек на Новата година
3 ДЕН 01.01.2027 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот се запознаваме со азискиот дел на Истанбул. Започнуваме со посета е на Чамлиџа џамија – една од најголемите и најимпресивни џамии во Турција, сместена на ридот Чамлиџа, од каде се протега прекрасен панорамски поглед кон Истанбул и Босфорот. Потоа се упатуваме кон Ускудар, една од најстарите населби на азискиот брег, позната по своето крајбрежје, историските знаменитости и прекрасните погледи кон европскиот дел од градот. Каде ќе имаме можност од блиску да ја видиме Моминската кула. Потоа продолжуваме кон Кадиќој – едно од најживописните маала на азиската страна, препознатливо по раздвижените улици, локалните маркети, кафулињата, рестораните и младешката атмосфера. Следува слободно време за индивидуална прошетка, уживање во локалната гастрономија и откривање на уникатниот дух на азискиот Истанбул. По слободното време следува враќање во хотелот и слободно време за одмор и подготовка за вечерната програма. Во вечерните часови следува упатување во некој од познатите клубови на Таским – локација која е меѓу омилените места за ноќна забава во Истанбул. Ве очекува вечер исполнета со добра музика, одлична атмосфера и забава. Под светлата на Таским и во ритамот на истанбулската ноќ, уживајте во журка која е совршен завршеток на денот и уште една причина зошто Истанбул никогаш не спие. По завршувањето на забавата, враќање во хотелот. Ноќевање
Посета на Чамлиџа џамија, Кадиќој, Ускудар, журка во клуб на Таксим
4 ДЕН 02.01.2027 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот следува посета на Venezia Mega Outlet – еден од најпопуларните шопинг центри во Истанбул, познат по својата уникатна атмосфера инспирирана од Венеција. Слободно време за шопинг, прошетка и уживање во бројните продавници, ресторани и кафулиња. Потоа следува крстарење со брод по Босфор – едно од најубавите искуства што може да ги доживеете во Истанбул. Пловејќи меѓу Европа и Азија, ќе имате можност да го видите градот од една сосема поинаква перспектива. Пред вас ќе се нижат величествени палати, историски тврдини, раскошни вили и препознатливите мостови на Босфор, додека панорамата на Истанбул се протега од двете страни на брегот. Уживајте во незаборавната атмосфера, направете уникатни фотографии и почувствувајте ја магијата на градот кој се протега на два континенти. По крстарењето следува посета на плоштадот Таксим и улицата Истиклал – едно од најживите и најпознати места во Истанбул, со бројни продавници, кафулиња, ресторани и улични изведувачи. Следува прошетка низ раздвижената атмосфера на центарот на градот и слободно време за индивидуални активности. Исто така ја посетуваме и Галата кулата – една од најпрепознатливите знаменитости на Истанбул и место од кое се протега спектакуларен поглед кон Златниот Рог, Босфорот и историскиот дел на градот. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во вечерните часови враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности и уживање во последната вечер во Истанбул. Ноќевање.
Посета на Venezia Mega Outlet, крстарење по Босфор, посета на Таксим и Галата кула.
5 ДЕН 03.01.2027 ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотелот во периодот помеѓу 08:00 и 09:00 часот. По одјавувањето, упатување кон познатата продавница за благи работи ‘’Коска’’, каде што ќе имате можност да ги набавите омилените турски благи и специјалитети за дома. Слободно време за пазарење во времетраење од околу 45 минути. По завршувањето на посетата, следува упатување кон 212 Outlet, еден од познатите аутлет шопинг центри во Истанбул. Следува слободно време во траење од околу 2 часа за шопинг, разгледување на продавниците и уживање во последните моменти во Истанбул. Во договореното време, предвидено помеѓу 13:00 и 14:00 часот, поаѓање кон Македонија. Следува дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје после полноќ на 04.01.2026
Напуштање на хотел, посета на продавница за благи работи ‘’Коска’’, посета на шопинг центар 212 Outler, поаѓање кон Македонија
Напомена

Во цената на аранжманот е вклучено:
✅ Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација,
✅ Три ноќевања со појадок во хотел со 3*** во населбата Аксарај/Лалели, на 15-20 мин. пешачење од Капали Чаршија (името на хотелот се дознава 3 дена пред поаѓањето),
✅ Пратител на групата и организација на патуавњето,
✅ Посета на турската продавница за благи работи – ‘’Коска’’,
✅ Шопинг во Outlet 212,
✅ Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:
❌Патничко и здравствено осигурување – 6 еур (може да се изготви во агенција)
❌Факултативни излети
❗(Посета на Балат и Таксим – задолжителен излет – 25 еур.)
❌Индивидуални трошоци

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
– Организаторот не може да влијае на сместувањето(соба, спрат и сл). Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Балкан Фан ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надомест поради промената
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде што е возможно да се застане
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
БАЛАТ И ОРТАЌОЈ – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
Оваа факултатива е пакет каде што се посетуваат Железната црква, Вселенската Патријаршија, населбата Балат и населбата Ортаќој. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул, населба преполна со дрвени куќички кои фасадите им се обоени во шарени бои, населба позната по турските серии и населба која важи за една од најфотографираните места во Истанбул. Железната црква која е донација и изградена од македонски мајстори, и каде е гробот на Партение Зоографски. Вселенската Патријаршија - место кое е едно од најзначајните симболи за христијанството. Ортаќој е населба која е една од најпосетените во Истанбул. Се наоѓа под Босфорскиот мост во Европскиот дел. Ортаќој е срцето на Истанбул и како таков не е воопшто здодевен, овде традиционално се јаде специјалиетот Kumpur – компир полнет со различни додатоци кои си го полните по Ваш вкус.
Цена: 25 ЕВРА

logo