clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Тоскана – Велигден

Период: 09/04/2026 - 14/04/2026
229€
189€
Одбери сместување
Тоскана
Тоскана е идеална дестинација за оние кои сакаат релаксиран Велигден опкружен со природна убавина, историски градови и исклучителна кујна. Посетете ја Фиренца за грандиозни велигденски миси, шетајте низ живописните ридови, уживајте во локалните вина и традиционалните велигденски јадења како „agnello al forno“ (печено јагне). Тоскана во пролет е сон за секој патник!
Што добивате?
periodПериод
3 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобус
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел ⭐⭐⭐
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Прв ден 09.04 (четврток) Скопје – Италија
Состанок на групата околу 11:00ч. на паркингот кај хотел Континентал. Поаѓање за Италија, околу 11:30ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.
Состанок на група, царински формалности и аеродромски протоколи
2. Втор ден 10.04 (петок) Болоња – Монтекатини
Попатно посета на Болоња (пристигнување во зависност од попатните околности) и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци“, плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), следува поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ Монтекатини. Ноќевање.
Попатна посета на Болоња, сместување во хотел.
3. Трет ден 11.04 (сабота) Монтекатини- Cinque Terre-Пиза-Монтекатини
Појадок. После појадкот заминување на целодневна посета до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разглед на регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Можност во слободното време за уживање на прекрасните плажи (препорака во селцето Monterosso). Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia.

Во вечерните часови се упатуваме кон Пиза, град на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.
Посета на регионот Cinque Terre
4. Четврт ден 12.04 (недела) Монтекатини- Сиена – Сан Џимињано–Монтекатини
Појадок. После појадокот заминување на целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio. Слободно време за прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер. Ноќевање.
После појадокот заминување на целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано.
5. Петти ден 13.04 (понеделник) Монтекатини –ФИРЕНЦА – Скопје
Појадок. После појадокот, заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…Во попладневните часoви (17:00- 18 :00) поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 14.04.2026
После појадокот, заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана, поаѓање кон Македонија
Напомена

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

✅ 3 ноќевања во хотел 3* со појадок во Монтекатини или околината (хотелот се дознава 3 дена пред поаѓање)

✅ Автобуски превоз на дадената релација

✅ Посета на Болоња

✅ Организација со професионален туристички придружник на патувањето

✅ Организиран трансфер: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

✅ Туристичка такса во хотел во Монтекатини – 3 еур / лице / ден

✅ Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 50 еур.

✅ Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз  до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) и посета на Пиза – 50 еур.

✅ Посета на Фиренца – 30 еур.

✅ Патничко здравствено осигурување 6,5 еур.

✅ Индивидуални трошоци (влезници за објекти…)

Напомена:

ПРОМО ЦЕНА: 189евра со задолжителна резервација на пакет факултативи по цена од 120евра (редовна цена 130евра)

РЕДОВНА ЦЕНА: 229евра
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање

– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– Според општи услови на патување агенцијата го задржува правото на промена на програмата по денови и саатници.

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo