Корона пандемијата дефинитивно го промени начинот на живот на кој сите ние бевме навикнати. Ни одзеде многу работи меѓу кои и патувањата како еден многу важен дел од нашето секојдневие. Со оглед на тоа што конечно полека се нормализира ситуацијата околу пандемијата, сите веќе размислуваме да го надополниме она што ни беше на ,,stand by’’ цела измината година. Во продолжение ви наведуваме 5 причини зошто треба да патувате после корона пандемијата:
Иако сите се трудевме да останеме приземни, сепак овој тежок период ни укажа дека патувањата се важни за зајакнување на менталното здравје и личниот раст. Планирањето на патувањето, нетрпението за патување значително ја зголемува среќата, повеќе од нетрпението при купување материјални добра. Секојдневните негативни вести изминатата година не наполнија со негативна енергија, па затоа сега е време таа енергија целосно да ја потрошиме и да ја оставиме за минатото
.
Сега е совршен тајминг да ги надополните сите пропуштени авантури, без никакви рестрикции, носење маски, забрана за групирање. Повторно ќе можеш да се дружиш со сите твои врсници од целиот Балкан, кои исто како и тебе едвај чекаат да го надополнат пропуштеното од цела измината и депресивна година. Едноставно препушти се на забавата и добриот провод, кој на сите толку многу ни фалеше…..
Твојот омилен travel партнер – пасошот е спремен повторно да биде твојот верен пријател, на секое патување. Сега е време да го пополниш со печати од нови дестинации, нови доживувања, кои за многу брзо ќе ја вратат во тебе старата добра навика за запознавање и истражување на нови места, градови, острови….
Периодот додека седевме дома и се присеќавме на убавите времиња, сите ние споделувавме #tb слики oд наши претходни патувања од најразлични дестинации. Со оглед на тоа што помина цела година, ги фативме буквално сите периоди за да објавиме #tb слики, почнувајќи од пролет, продолживме со слики од лето од плажа и завршивме со зима, нова година и присеќање на најлудите моменти и проводи. Сега е веќе тоа зад нас, сега е време повторно да направиш оригинални фотки од местата кои ќе ги посетиш. Време е да создадeш нови спомени, нови авантури, нови сеќавања!
Цела измината година иако сите ќе ја паметиме генерално по лошо, сепак има и добра страна која треба да ја извлечеме како поука. Како никогаш досега ни даде до знаење дека треба да ги цениме работите и да ги користиме сите прилики кои ни се пружаат, затоа што ете тие прилики во еден момент можат да бидат целосно недостапни. Затоа сега е вистинска шанса да се надополнат сите пропуштени авантури и патувања и да зграбиме што е можно повеќе. Не за џабе рекле – TO TRAVEL IS TO LIVE !