По подолга пауза, со огромно задоволство ве известуваме дека на ваше барање, го враќаме проектот Студентки екскурзии како Wonder Europe Trips – и се враќаме со уште повеќе енергија, страст и желба за нови авантури низ Европа!
Нашата приказна започна далечната 2011 година, кога започнавме со организација на апсолвентските екскурзии и подоцна ја формиравме агенцијата Балкан Фан со цел да создадеме најдобрите студентски и апсолвентски екскурзии. Во тие години, со гордост бевме препознаени како лидери во организацијата на студентските патувања, создавајќи илјадници незаборавни спомени за генерации млади луѓе кои го славеа крајот на студиите со авантура, дружење и откривање на нови градови и култури.
По успешен период кој траеше до 2019 година, направивме кратка пауза. Но, како што велат – секое добро патување заслужува големо враќање.
И токму тоа се случува сега!
Со ново име, освежен идентитет и истата страст за патувања, Wonder Europe Trips повторно ќе биде вашиот најсигурен избор за апсолвентски и студентски екскурзии низ Европа и што е најбитно, со студентски цени!
Без разлика дали сонувате за шармантните улици на Прага, плажите на Барселона или ноќниот живот во Љорет Де Мар – нашите нови тури ќе ги вратат сите оние моменти што ги сакавте, но со модерна организација, подобрени услуги и уште повеќе забава!
🎒 До сите студенти и апсолвенти:
Долго време чекавте. Авантурите повторно започнуваат со најдобри цени!
Следете нè за најновите понуди и дестинации – и подгответе се за нови спомени со Wonder Europe Trips.
Затоа што повторно сме таму каде што припаѓаме
со вас, патуваме низ Европа!
Ретроспектива на минатите екскурзии:






Доколку си студент и сакаш да одиш бесплатно на екскурзија, контактирај не веднаш:
Ве сака,
Тимот на Балкан Фан Македонија.