clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Дали знаете како се прославува Велигден на островот Крф?

blog-photo

Велигден на островот Крф

Грција е добро познато туристичка дестинација преку лето и со добра причина. Тиркизната вода, жешкото сонце и песочните плажи уште долго ќе привлекуваат туристи од целиот свет. Но, во овој текст ќе разгледаме нешто различно а подеднакво фантастично а тоа е Велигден на Крф. Крф е остров во Грција кој е добро познат по целодневни и ноќни забави, музика и летен амбиент меѓутоа еднаш годишно овој остров се претвора во можеби еден од најрелигиозните градови во реонот, поради Велигден.

Велигден на Крф не е само славење на религиски празник туку комплетно осмислен настан кој трае околу една седмица. Освен вообичаените христијански традиции, жителите на Крф го слават Исусуовото воскресение на свој начин кој после некое време се претворил во туристичка атракција што ја посетуваат христијани од секаде низ светот.

Оваа сериозно организирана манифестација вклучува јавен настап на Оркестарот на Филхармонија, кршење на глинени садови наречени ботиди како и почесна прошетка низ плоштадот Листон во знак на почит кон Исус Христос.

 

Оркестар на Филхармонија

Првиот знак дека Велигден самошто не започнал на Крф е музиката која се слуша од цркавата свети Спиридон каде што Оркестарот на Филхармонија секоја година спрема концерт кој почнува со рецитал на црковни псалми. Последователно низ целата недела оркестарот парадира низ островот пеејќи црковни песни. Главната музичка нумера зазаема место во Недела во 12:00 попладне кога жителите на градот заедно со оркестарот го слават Воскресението на Исус. На овој ден секоја година плоштадот Спианада добива друг изглед, многу луѓе кои пеат заедно со оркестарот под шарено небо со огномети.

Кршење на глинени садови (Ботиди)

Овој чуден обичај е “резервиран” на ден Сабота или Велика Сабота и го симболизира првото воскресение на Исус. Имено, на овој ден мештаните полнат глинени садови со вода и ги фрлаат од терасите. Зошто? Затоа што обичајот вели дека со кршењето на глината се бркаат злите духови а водата претставува дочекување на новата пролет. Но спектакуларниот настан на завршува тука. По кршењето, жители се упатуваат кон плоштадот Пиња каде на репертоар е следната прослава наречена Мастела. Мастела е големо буре со монети за кое луѓето се натпреваруваат мегу себе за наградата – многу монети.

Плоштадот Листон.

Локалците се облекуваат во виолетова боја исто како светлата на плоштадот Листон. Во историјата се верувало дека виолетовата боја е боја на оплакување и тажење. Тука почнува поворката на Епитафи каде што луѓето го следат свештеникот додека тој чита и пее. Ова е еден од најважните религиски ритуали за време на овој празник.

Сеуште размислувате каде за Велигден?

Крф – Велигден

 

logo