clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Кој Балкански град е најукрасен за време на новогодишните празници?

blog-photo

Кога помислуваме на божиќни базари и градови преубаво украсени за време на новогодишните празници, одма не асоцираат на големите Европски метрополи, како што се Виена, Будимпешта, Лондон. Но тука на Балканот еден град се издвојува од сите останати, а неколку години веќе е и избиран за најубаво украсен град за овој период.

Добредојдовте во Загреб, град со милион срца кој за време на божиќните базари се претвора во град со многу милиони срца кои цела година ги чекаат зимските празници и пазари. Божиќниот базар во Загреб не е само пазар туку гигантски настан за кој локалците вредно се спремаат. Тезги, музика и светла има низ цел град а забава има за секој од секоја возраст. На
некои од пазарите ќе најдете одличен шопинг за сувенири, поклони за најблиските или пак украси кои ќе го разубавуваат вашиот дом, на други места околу градот ќе најдете топли деликатеси и топли напитоци.

Во меѓувреме, во паркот Туѓманац ќе има панорамско тркало, вртелешка и тобоган од мраз. Во паркот Зрињевац, ќе има стотици дрвја украсени со треперливи самовилски светла, како и многу дрвени тезги на пазарот на кои ќе се продаваат рачно изработени сувенири. Паркот ќе биде дом и на музички павилјон каде празничните посетители ќе можат да гледаат музички и танцови изведби. Ако сето ова не звучи доволно, тогаш и неколку други локации низ градот ќе имаат свои празнични атракции.

Места како плоштадот Бан Јелачиќ (главниот плоштад во Загреб), Европскиот плоштад и шеталиштето Штросмаер, сите ќе имаат тезги на зимскиот пазар.

Доколку сакате да го посетите овој град, и да ја осетите новогодичната и божиќната магија, погледнете ги нашите декемвриски и новогодишни патувања

Загреб – Christmas Market

Загреб

logo