⏰LAST MINUTE - ПОСЛЕДНИ ПОПУСТИ!⏰
Book Now
clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Барселона во пролет е секогаш одлична идеја

blog-photo

Каталонската гордост е еден од оние градови кои никогаш не здосадуваат. Во Барселона секогаш ќе пронајдете нови неоткриени скришни катчиња на кои ќе им се насладувате.

Доколку сте ја посетиле, направете план да ја посетите повторно.

Доколку не сте биле никогаш досега, пролетта е одлична сезона да ја запознаете Барселона за првпат.

А што ќе видите?

Списокот на прекрасни работи е бесконечно долг. Барселона е град кој ги спојува старото со новото, грубото со фино исполираното, уметноста и спортот (што според локалното население се две исти работи), бидејќи фудбалот се сфаќа прилично сериозно.

Па. започнете со неверојатната Саграда Фамилија, па свртете накај куќите на Антонио Гауди, Каса Мила и Каса Батљо. Продолжете до паркот Гуељ некаде непосредно пред зајдисонце и уживајте во погледот кој го прегрнува градот.

Изгубете се во Готскиот кварт, шетајте низ тесните улички, искачете се до Монжуик и вдишете малку историја во познатото Шпанско село. Пуштете ги слободно мислите во Цитадела паркот и задолжително поминете го петалиштето Ла Рамбла барем 2 пати, во случај да не го пропуштите познатиот шарен пазар Ла Букериа.

Доколку сте фудбалски фанатик не пропуштајте го Камп Ноу, а секогаш може да апсорбирате дополнително сонце на познатата плажа Барселонета. За оние со најмногу ентузијазам тука е Монсерат. Одвојте барем еден ден за местото каде што сте најблиску до небото.

Зачинете со многу автентична локална храна и сангрија. Направете стотици фотки, креирајте спомени и бидете сигурни дека повторно ќе се вратите тука, бидејќи кој дошол еднаш во Барселона со сигурност ќе се врати повторно.

logo