clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Нова Година 2027

Доживеј ги Европските метрополи за Новогодишните празници

Нова Година 2027 | 3 дена
destination
Белград-Нова година 2027

Белград е еден од најдобрите градови за забава на Балканот и една од најпопуларните дестинации за дочек на Новата година. Со врвна атмосфера, одличен ноќен живот и многу млади гости, градот нуди незаборавно празнично искуство. Balkan Fun веќе 14-та година по ред го организира дочекот во Белград, со внимателно избрана програма за сите што сакаат одлична музика, добра енергија и незаборавна новогодишна ноќ.

Нова Година 2027 | 6 дена
destination
Истанбул-Нова година 2027

Истанбул е совршената дестинација за оние кои сакаат Нова година поинаква од сите досега – град што пулсира со енергија, светла и живот на секој чекор. Тука Европа и Азија се спојуваат, традицијата се меша со модерниот урбан дух, а секоја улица, чаршија, rooftop и клуб носи ново доживување. Од магичниот Босфор и осветлените знаменитости, до вкусната турска храна, шопингот и лудите ноќни забави – Истанбул има сè за совршен новогодишен getaway. Со Balkan Fun, те очекува патување создадено за млади, забава и нови искуства – денови исполнети со истражување и дружење, а ноќи резервирани за музика, добра атмосфера и моменти што ќе ги паметиш долго.
Оваа Нова година не ја дочекувај обично – дочекaј ја во Истанбул, на два континенти, со Balkan Fun!

Нова Година 2027 | 5 дена
destination
Атина-Нова година 2027

Доживејте ја магијата на Нова година во Атина – градот каде што античката историја, медитеранскиот дух и модерниот живот се спојуваат во единствена празнична атмосфера.
Прошетајте низ украсените улици и плоштади, уживајте во празничната атмосфера и откријте ги најпознатите знаменитости, традиционалните таверни и шармантните квартови на грчката престолнина. Посетете ја Акрополата, прошетајте низ Плака и Монастираки и почувствувајте го посебниот дух на Атина во најубавиот период од годината.
Новогодишните празници во Атина се совршена можност за кратко бегство, исполнето со култура, гастрономија, историја и незаборавни моменти. Започнете ја 2027 година со патување во еден од најубавите и највпечатливи градови во Европа.

Нова Година 2027 | 5 дена
destination
Виена-Нова година 2027

Доживејте ја празничната магија на Виена – градот на царската архитектура, класичната музика и најубавите зимски атмосфери во Европа.
Прошетајте низ раскошно украсените улици, уживајте во светлечките плоштади и откријте ги најпознатите знаменитости на австриската престолнина. Посетете го дворецот Шенбрун, прошетајте низ историскиот центар, уживајте во традиционалните виенски кафулиња и почувствувајте го посебниот дух на градот за време на новогодишните празници.
Нова година во Виена е совршена можност за романтично и незаборавно патување, исполнето со елеганција, култура, историја и празнична атмосфера. Започнете ја 2027 година со магично патување во еден од најубавите европски градови.

Нова Година 2027 | 3 дена
destination
Будва-Нова година 2027

Будва е една од најатрактивните новогодишни дестинации на Јадранот, позната по спектакуларниот дочек, концертите на отворено и забавата што трае до раните утрински часови. За време на празниците, градот пулсира со енергија, исполнет со музика, илјадници посетители и незаборавна атмосфера. Со Balkan Fun, те очекуваат одлична организација, супер екипа и новогодишна авантура што ќе ја паметиш долго.

Нова Година 2027 | 4 дена
destination
Будимпешта-Нова година 2027

Дочекајте ја Новата година во Будимпешта – еден од највпечатливите европски градови, каде празничната магија, богатата историја и живата атмосфера создаваат незаборавно искуство. Раскошно украсените улици, божиќните базари, концертите на отворено и спектакуларниот огномет над Дунав го прават новогодишниот дочек навистина посебен. Будимпешта е идеален избор за оние што сакаат да ја започнат новата година со стил, добра енергија и спомени што долго ќе ги паметат.

Нова Година 2027 | 5 дена
destination
Букурешт и Трансилванија-Нова година 2027

Букурешт е една од најпосетуваните новогодишни дестинации, познат по својата енергија, празнична атмосфера и одлична забава. Во деновите околу Нова година, градот оживува со спектакуларни украси, бројни настани и незаборавна атмосфера. Со Balkan Fun, те очекува одлична организација, супер екипа и дочек што ќе го паметиш долго.

Прославете ја Нова година 2027 на најдобрите party дестинации во Европа, во друштво на најдобрата екипа и со атмосфера што ќе ја паметите долго по празниците.
Со 14 години искуство во организација на патувања и забави, Balkan Fun ви носи внимателно избрани дестинации, сигурна организација и незаборавен новогодишен провод. Изберете ја вашата омилена европска метропола и доживејте новогодишна авантура исполнета со врвна музика, одлични забави, нови пријателства и моменти што ќе ја одбележат 2027 година.
Оваа Нова година патувајте со Balkan Fun до најатрактивните европски  дестинации и започнете ја годината на најдобар можен начин – со многу забава, позитивна енергија и спомени што траат цел живот.

#PatuvajSigurno

logo